Врската мајка-ќерка е најсилна, нераскинлива и вечна. Мајката секогаш знае што е најдобро за своето дете, го минува секој момент грижејќи се за него, го учи на трпение, му покажува што е безусловна љубов и се бори со последните сили за да му овозможи добра иднина...
Ниту бурните периоди кои доаѓаат со годините не можат да ја нарушат оваа врска, бидејќи мајките умеат да ги поднесат сите удари од своите ќерки за да ги видат како и самите стануваат родители.
Погледнете ги емотивните илустрации на Наталија Бреева кои ќе ви го згреат срцето и ќе ви евоцираат спомени:
Само мајката знае колку брзо минува времето

За неа, ние секогаш ќе бидеме малото дете за кое треба да се грижи

Мајката секогаш ќе се труди да биде силна поради нас

Taa нè учи на трпение и љубов

Со годините започнуваме да сфаќаме колку многу се грижела за нас

Мајката ни дава топлина и комфор дури и кога не е покрај нас

Секогаш знае како да нè расположи

Таа ретко зборува за сопствените проблеми за да не нè загрижува

Мајката засекогаш останува во нашето срце, дури и кога не е физички покрај нас
