Мало девојче, кое води мачна битка со неизлечлив рак, доби исполнување на својата животна желба – да биде дел од свадбата на нејзините родители.
Имено, кога на родителите Џејкоб и Танија им било соопштено дека на 4-годишната Пејџ ѝ остануваат уште само неколку дена живот, тие знаеле дека сè што можат да направат е да го остварат нејзиниот сон.
Парот организирал мала свадбена прослава во болницата каде се лекувала нивната ќеркичка и ги поканил најблиските роднини и пријатели.
Свадбените фотографии несомнено ќе ве трогнат.


На фотографиите е и малата сестра на Пејџ.











Пејџ живеела нормален и здрав живот сè до пред два месеци, кога започнала да чувствува силни главоболки и ѝ бил дијагностициран тумор на мозокот. „Врескаше додека си играше. Сега знаеме дека тоа беше од туморот“ – изјавила нејзината тетка.






