Почетна » Новости » Занимливости » Емотивен момент при породување: Маж започнува да плаче кога ќе ја види сопругата насмеана првпат по 10 месеци

Емотивен момент при породување: Маж започнува да плаче кога ќе ја види сопругата насмеана првпат по 10 месеци

Објава на фотографка стана вирален хит на интернет. Таа не само што ги опишува жртвите на жените за да го износат своето бебе, туку ги доловува и грижите на мажите за своите сакани.

На фотографиите на Кирсти Перез е прикажан маж кој започнува да плаче во породилната сала, кога неговата сопруга ќе се породи. Но, причината за неговите солзи не е тоа што доби здраво синче, туку зашто за првпат по 10 месеци ја гледал својата сакана насмеана.

Породување Породување Породување Породување

Родилката цела бременост се соочувала со Hyperemesis gravidarum, најтежок вид на мачнини во бременоста проследени со постојано повраќање, загуба на тежина и дехидратација, а подоцна ѝ била дијагностицирана и прееклампсија. Во текот на бременоста, таа 4 пати била хоспитализирана поради дехидратација.

Сепак, по тешката бременост, таа со широка насмевка му посака добредојде на своето дете.

Еве го текстот и фотографиите кои станаа вирален хит на интернет:

Породување Породување

Тој беспомошно ја гледаше својата сопруга како обилно повраќа 285+ дена. Гледаше како таа изгуби 13 килограми во текот на бременоста, не можејќи да се храни себеси поради Hyperemesis gravidarum и прееклампсија.

Таа беше хоспитализирана 4 пати во текот на бременоста поради дехидратација. Јадеше повеќе вечери на влезната врата отколку што тој можеше да доброи, бидејќи ѝ се гадеше буквално од секој мирис.

По месеци во кои правеше сè што можеше за да биде покрај неа, тој ја придружуваше на породувањето.

Му реков дека го овековечив моментот кога се расплака кога го виде неговиот син, а тој ми рече: „Не плачев поради тоа“.

Зачудена, го прашав на што мисли точно.

Тој повторно се расолзи и рече: „Ова е првпат да ја видам насмеана во 10 месеци“.

Мажи, ве молам разберете колку моќна може да биде емпатијата.

До сите мајки кои имаат трауматска бременост, а и покрај тоа наоѓаат начин за да се смеат... Ви благодарам што се жртвувате себеси и што истрајувате за да ги донесете на свет вашите скапоцени бебиња. Тоа не е воопшто лесно.

Породување Породување Породување Породување

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12010 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.