Почетна » Новости » Занимливости » „Екстремно сум горда што сум твоја ќерка“: Емотивно писмо на девојка до нејзиниот очув освојува срца

„Екстремно сум горда што сум твоја ќерка“: Емотивно писмо на девојка до нејзиниот очув освојува срца

Емотивното писмо на Кејтлин Милер, за човекот кој ја израснал како своја ќерка, нема да ве остави рамнодушни.

21-годишната девојка од Канзас му напиша порака на својот очув Ленс, за да му се заблагодари за безрезервната љубов и грижата која ѝ ја пружел сите изминати години.

Кејтлин и Ленс

Драг мој очув,

Се прашувам што правеше на денот кога се родив. Се обложувам дека беше на твојата регуларна работа, јадеше бурито од бензинска станица за ручек и отиде на пијачка со пријателите. Немаше претстава дека илјадници километри подалеку, твојата идна сопруга ја раѓаше твојата најстара ќерка. Можам да речам дека посакувам да беше таму, но знам дека Бог со причина те испрати во мојот живот во моментот кога те прати.

Ти не ми си биолошки татко, не го носам твоето презиме (сè уште) и не личам ни малку на тебе. Секој маж може да направи дете и да го стави своето презиме на изводот на родените. Но, потребен е вистински маж како тебе да се грижи за дете кое не е негово. Твојата љубов всушност е избор. Знам дека во минатото повеќе се грижев за мојот биолошки татко, но откако неколку пати ми го скрши срцето, ти беше таму за да ги собереш скршените парчиња. Со секоја прегратка ти ги стискаше тие парчиња заедно уште посилно.

Јас имав 9 години кога те запознав, Бог нè испрати мајка ми, брат ми и мене на другата страна од САД за да те сретнеме тебе. Кој знаеше дека тоа што мајка ми со раце ти го покажуваше нејзиниот телефонски број од другата страна на жежок магацин ќе заврши со брак? Вие сте совршени еден за друг. Ти ѝ ја даваш на мајка ми љубовта која ја заслужува.

Никој не ти се заблагодарува доволно често. Знам дека работата те убива, но го правиш тоа што мора да го правиш за нас, твоите деца. Никогаш не се откажуваш, го издржуваш секој ден без разлика колку тежок станува животот. Ти си одличен пример за нас. Знам дека во минатото бев бунтовник во врска со изборот на моите момчиња, но ти ме научи што е вистински маж. Знам дека вистинскиот маж нема да ме изневери, нема да избере дрога или алкохол наместо мене, нема да ме малтретира вербално или физички и никогаш нема да направи да се чувствувам како да не сум доволно добра. Многупати ми било скршено срцето, но ти си секогаш таму за да го склопиш повторно. Правиш да се чувствувам како да вредам.

Ме гледаше додека растев сите овие години. Беше таму за сè, мојата прва матура, моите натпревари во кошарка, моите уметнички изложби и моето дипломирање. Ти и мама секогаш бевте во првиот ред. Отсекогаш ме охрабруваше да бидам себеси. Никогаш не ме тераше да бидам нешто што не сум. Дури и кога го менував мислењето милиони пати за тоа што сакам да правам, ти секогаш ја поддржуваше секоја одлука која ќе ја донесев. Кога правев грешки, ми помагаше да ги исправам. И на некој начин ги преживеа моите тинејџерски години, а тоа кажува многу повеќе за твојата трпеливост, отколку што било друго.

Ти благодарам, од дното на моето срце, за жената која станав. Знам дека без тебе немаше да бидам ни блиску до тоа што сум денес. Ти си навистина неверојатно човечко суштество и кога луѓето ме прашуваат кој ми е татко, јас сум горда што го кажувам твоето име.

Ти благодарам што се грижиш за моето семејство. Знам дека ти не ме создаде, твоето име не е на мојот извод на родените, го немам твоето презиме (сè уште) и не личам на тебе. Ништо од тоа нема никогаш да биде важно, бидејќи во изминатите 11 години ти ме оформи, одеше на родителските состаноци на училиште, ме направи твое дете и никогаш не направи да се сомневам во себе. Се расолзувам секојпат кога зборувам за тебе, бидејќи никогаш ме немаш разочарано, како другите мажи во мојот живот. Кога ќе ме напуштат, или разочараат, на крајот од денот јас сè уште ќе те имам тебе.

Ти благодарам за сè што правиш за мене. Екстремно сум горда што сум твоја ќерка.

Ленс има и три деца од претходниот брак.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11159 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.