Почетна » Новости » Занимливости » Еве како маж ја натера својата сопруга да престане секој ден да го средува хаосот кој го прават децата

Еве како маж ја натера својата сопруга да престане секој ден да го средува хаосот кој го прават децата

Од подготовка на кашички, промена на валкани пелени, пеглање и перење, до собирање на расфрлани играчки... мајчинскиот живот знае да биде исцрпувачки, особено за оние мајки кои се опседнати со чистотата на домот.

Маж со само неколку зборови ја убеди својата сопруга да престане секојдневно да го чисти хаосот кој го прават нивните деца, а наместо тоа, времето да го користи за себе.

Деца

Тој едноставно ја подучи дека доколку ја затвори вратата и не го гледа хаосот, нема да ја иритираат стотиците играчки расфрлани на подот.

Прочитајте го текстот на блогерката Хајди Хем во кој таа ја опишува случката:

Денес, јас затворив врата. На ова.

Деца

Со години трошев по неколку минути секој ноќ, чистејќи по моите деца. Не сакам да пресметам колку многу часови од мојот живот имам поминато собирајќи играчки. Многу.

Премногу.

Сакам чиста куќа. Навистина. Тоа е единственото нешто во мојот живот врз кое чувствувам дека имам целосна контрола. Ако околината ми е организирана, животот е на некаков начин подобар.

Но, децата.

Ги сакам, многу. Тие се прекрасни мали човечиња.

Но, тие се неуредни.

И не им е гајле. Не разбирам. Јасно е дека не го наследиле генот за чистота.

Не знам колку многу пати го имам водено истиот разговор со нив:

Јас: „Како можете да го поднесете нередот? Не можете ни да чекорите тука.“
Децата: „Да, можеме! Ние едноставно играме „царица“ околу играчките.“

Една вечер, сопругот ме најде на подот потпрена на раце и на нозе, подредувајќи ги Lego коцките по боја. Дали споменав дека сакам нештата да бидат организирани?

Бев исцрпена. Што е секојдневие за мене.

„Зошто едноставно не ја затвориш вратата?“ – ме праша.

Зјапав во него. Очекував тој да ми се придружи на подот, сортирајќи ја планината од Lego коцки. Наместо тоа, тој ми ги понуди овие зборови.

Очигледно, тоа беше сè што ми требаше.

Станав и ја затворив вратата.

Овие денови сите зборуваат за тоа како грижата за себе е многу важна кога си родител. И навистина е. Лесно е да се изгубиш себеси во грижата за некој друг. Но, грижата за себе? Да, не е толку лесно. Одзема време и енергија и барање помош.

Но понекогаш...

Грижата за себе е криење на купче чоколатца кои ги чуваш само за себе.

Грижата за себе е вклучувањето на Netflix за твоите деца, за ти да можеш да го испиеш кафето. Топло.

Грижата за себе е порано легнување на децата навечер и гушкање со сопругот на каучот.

Грижата за себе е затворањето врата.

Сега? Децата ја чистат собата еднаш неделно. Не јас. Тие.

Во останатите 95% од времето, собата изгледа вака. И тоа е во ред.

Бидејќи оваа затворена врата во мојот живот, е онаа со која можам да живеам.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9501 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.