Ѕвездите од серијата „Наше маало“ се обединија повторно, за да нè потсетат на нивното безрезервно другарство.
18 години по првото емитување на популарната детска серија, актерите кои ги глумеа Бени, Ице, Џејлан, Зана, Мали и Дарко ја разбудија Кармен во истата таа просторија во која се дружеа пред речиси две децении.
Нивното повторно здружување се должи на кампања на USAID, која цели да се промовира соживот и меѓуетничко разбирање.
„Зградата Кармен денес слави 18 години, особено горда на тоа што нè учеше кај луѓето да ги цениме квалитетите, а не потеклото или религијата.“
„А, ние сме горди што ја помогнавме продукцијата на првата детска серија „Наше маало“ која промовираше соживот и меѓуетничко разбирање“ – стои во описот на видеото.

