Почетна » Новости » Занимливости » Доктори рекле дека нема да оди и да зборува поради Дауновиот синдром, сега Ели го освојува модниот свет

Доктори рекле дека нема да оди и да зборува поради Дауновиот синдром, сега Ели го освојува модниот свет

Ели Голдстејн е модел со Даунов синдром кој забрзано го освојува модниот свет. Нејзиниот животен пат не бил едноставен, а нејзината мајка ја раскажа нивната приказна.

Ели Голдстејн Ели Голдстејн

Ивон отворено сподели дека докторите ѝ велеле дека ќерка ѝ никогаш нема да може да оди или да зборува, а медицинските сестри по породувањето ја прашале дали сака да ја остави во болницата. Сега, 21 година подоцна, Ели нижи модни успеси, позирајќи за насловни страници на списанија како „Вог“ и снимајќи кампањи за светски брендови како Гучи.

Ели Голдстејн

Неодамна, компанијата Mattel создаде кукла со Даунов синдром, која беше претставена пред светот токму од Ели.

Ели Голдстејн

„Никогаш нема да го заборавам докторот кој влета во мојата соба по породувањето, ја крена и ми рече: ‘Ова е Ели и има Даунов синдром. Никогаш нема да оди или да зборува, нема да оди на факултет’. Или медицинската сестра која ми рече: ‘Дали сакаш да ја оставиш тука? Тоа го направи последната мајка’“.

„Начинот на кој медицинските лица реагираа, дека можеби ќе сакаме да се откажеме од неа, ме правеше нервозна да се зближам со Ели. Не можев да се поврзам со неа. Си мислев која е поентата да се зближиме ако таа нема да биде тука долго време. Бев многу збунета. Само ни рекоа да ги прочитаме летоците, но ме оставија со сомнеж дека ова е нешто лошо“ – рекла Ивон.

Ели Голдстејн

Брзо по излегувањето од болница, Ели започнала да им го освојува срцето на родителите, докажувајќи им дека нејзината состојба нема да ѝ застане на патот.

„За среќа, за неколку недели можевме да видиме дека таа е сјајна, смела и посветена. Одлучивме да ја израснеме прво како Ели, а да го тргнеме настрана фактот дека има Даунов синдром“ – рекла мајката.

На 5-месечна возраст, Ели морала да помине низ тешка операција за затворање на дупките во срцето, состојба која ја имаат половина од лицата со Даунов синдром.

„Никогаш нема да го заборавам чувството кога морав да потпишам согласност знаејќи колку се високи ризиците за Ели, но дека се уште повисоки ако не ја направи операцијата“ – раскажала Ивон.

Како вистински борец, Ели ги направила првите чекори на 18-месечна возраст, а до третиот роденден веќе кажувала цели реченици. Иако патем имала многу препреки и наишла на многу луѓе кои се сомневале во неа, таа не се откажала од сонот да биде модел.

„Многупати сум била модел и го обожавам тоа. Праќаат автомобили за да ме земат, ми приготвуваат појадок и има тимови кои ми ја средуваат косата, ме шминкаат и ми избираат прекрасни алишта. Ја обожавав работата со барбиката и беше одлично што конечно гледав кукла која личеше на мене“ – раскажала Ели.

Ели Голдстејн

Ивон е горда на успесите на нејзината ќерка.

„Честопати му велам на Марк: ‘Ти се верува како испаднаа нештата?’. Луѓето ја препознаваат Ели и ако го напишете нејзиното име на Google, тоа е насекаде.“

„Се разбира дека за нас Ели е многу специјална, но прекрасно е што сега и остатокот од светот може да види колку е неверојатна. Таа е доказ дека луѓето кои имаат потешкотии се способни на многу повеќе нешта отколку што некои луѓе си мислат“ – рекла таа.

Ели Голдстејн

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11222 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.