Ако ви е потребна дневна доза неодоливост, тогаш сте на вистинското место.
Фотографиите на една мајка од двете мали ќерки и четирите семоједи ќе ве растопат.




На Instagram профилот „The Samoyed Siblings“, Сара Хегарти покажува како изгледа растењето на нејзините девојчиња покрај четири крзнени миленици. Една од ќерките на Сара дури научи да оди држејќи се за кучињата. „Лејла научи да оди нежно држејќи се за крзното на кучињата и одејќи по нив насекаде низ куќата. Со прикрадување им носи храна, спијат заедно, читаат заедно, прават заедно речиси сè“ – вели фризерката за кучиња.






И покрај „полните раце“ дома, Сара наоѓа време да згрижува самоједи напуштени од сопствениците и е основач на клуб за сопственици на самоједи наречен „Samoyeds od Perth“.
„Јас им помагам и на спасени, запоставувани или непосакувани самоједи во Перт. Додека бараат нов дом и се рехабилитираат, тие престојуваат во нашето семејство“ – вели таа.
„Искрено, тие се најдобрите кучиња и не можам да си го замислам животот без нив“ – додава Сара.



















