Почетна » Новости » Занимливости » Девојче со Даунов синдром слатко се смее пред своја фотографија прикажана на огромен екран на Тајмс Сквер

Девојче со Даунов синдром слатко се смее пред своја фотографија прикажана на огромен екран на Тајмс Сквер

Малата Оливија, која има Даунов синдром, стана вирален хит со неодоливата насмевка.

Едногодишното девојче беше избрано да биде дел од кампања за подигнување на свеста за ова нарушување. Фотографија од Оливија се прикажуваше на џиновски екран на Тајмс Сквер во Њујорк, а семејството не сакало да го пропушти скапоцениот момент.

Мајката Лори ја фотографирала слатката смешка пред големиот екран, па по тешка година полна со здравствени предизвици, семејството имало за што да се радува.

Оливија

Лори одлучила да ја вклучи Оливија во кампањата поради нејзината заразна насмевка и позитивната енергија која ја пренесува и покрај тешкотиите со коишто се соочува.

„Каде и да одиме, луѓето велат дека нејзината насмевка прави и тие да се смеат. Само што го добивме мејлот, одлучивме веднаш да резервираме летови за да одиме да го видиме ова“ – рекла Лори.

Оливија

Како и секогаш, Оливија се смеела кога нејзината фотографија се прикажала на екранот.

„Инклузијата е нешто многу важно во заедницата на Дауновиот синдром. Да се видат овие деца на големиот екран, беше нешто неверојатно. Кога ја објавив фотографијата, започнаа да се редат коментари колку е убава. Конечно ни е се случи нешто позитивно и чувството беше одлично“ – додала мајката.

Оливија Оливија

Лори и нејзиниот сопруг дознале дека Оливија има Даунов синдром по нејзиното раѓање и биле шокирани. Тие не знаеле ништо за ова нарушување, па разбирливо, биле многу исплашени.

Бебенцето се соочило со многу здравствени предизвици во првата година од животот и како и многу други лица со Даунов синдром, имало операција на срцето.

„Цело време, дури и по операцијата на срцето, таа се смееше. Го има тој прекрасен дух кој едноставно те менува внатрешно и прави да се смееш надворешно“ – рекла мајката.

Оливија Оливија

Октомври е месец за подигнување на свеста за Дауновиот синдром.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11523 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.