Почетна » Новости » Занимливости » Девојче испрати порака со балони и го пронајде својот Дедо Мраз

Девојче испрати порака со балони и го пронајде својот Дедо Мраз

Празниците се магичен период од годната. Прашајте ја малата Хелен Беренс Рејес Карденас и ќе ви потврди. Нејзините божиќни желби се остварија на најнеочекуваниот начин.

Знаејќи дека нејзиното семејство поминува низ тежок период, скромното 5-годишно девојче не побарало многу од Дедо Мраз – кукла, облека и обувки. Малата Хелен својата листа на подароци ја напишала на лист хартија и ја врзала за два балона кои ги пуштила во воздух со надеж дека нејзината порака ќе стигне до Северниот пол до Дедо Мраз.

Писмо до Дедо Мраз

Но, она што Хелен не го знаела е дека нејзиниот Дедо Мраз навистина ќе ја добие пораката. Балоните ја однеле листата со подароци 1.090 километри на југ, на мал ранч во Лејтонвил, Калифорнија, каде што ја пронашле Џули Сандерсон и нејзиниот син.

Писмото било напишано на шпански, па можеле да разберат само неколку зборови. Но, знаеле дека е писмо наменето за Дедо Мраз. Откако ја превеле пораката, сфатиле дека доаѓа од девојче кое живее во сиромашно семејство.

„Знаев дека се работи за семејство кое има потреба од помош, поради фактот што таа посака кукла, панталони, чизми и ништо материјално. Си помислив дека ако успееме да се поврземе со нив, можеме да испратиме нешто за да се стави под нејзината елка за Божиќ“ – изјавила Џули Сандерсон.

Семејството СандерсонСемејството Сандерсон

Кога Џули го контактирала семејството на Хелен, ја слушнала нивната трогателна приказна. Мајката на Хелен била повредена, а нејзиниот татко невработен во текот на поголем период од годината. Хелен ја испратила пораката со розови балони на 2 декември, затоа што нејзиниот брат кој починал пред неколку години бил роден на тој ден.

Семејството Сандерсон наредниот ден тргнало на шопинг. Купиле играчки и облека и испратиле пакет за Хелен за Божиќ.

Хелен со новата куклаХелен со новата кукла

„И ние сме биле во слична ситуација, знам како е, но сега сме во позиција да помогнеме, па навистина се почувствувавме убаво што му помогнавме на тоа мало девојче“ – изјавил Френк Сандерсон.

Мајката на малото девојче, Роса Карденас де Рејес, изјавила дека ѝ помогнала на својата ќерка да го напише писмото, затоа што биле во лоша финансиска состојба. „Не знаев што да направам. Секогаш ѝ кажував дека ќе му испраќаме балон на Дедо Мраз, затоа што тоа ни беше традиција кога бев мала“ – изјавила таа.

Хелен со мајка сиХелен со мајка си

Оваа приказна докажува дека малку е доволно за да усреќите некого.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11987 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.