Почетна » Новости » Занимливости » Девојка во моќна порака ја опиша анксиозноста, допре до стотици илјади лица

Девојка во моќна порака ја опиша анксиозноста, допре до стотици илјади лица

Анксиозноста се манифестира на многу различни начини. Понекогаш дури и тешко е да се препознае дека одредена личност води мачна борба внатре во себе.

Мејкап артистката Британи Никол Морфилд накратко опиша како е да се живее со анксиозност и трогна стотици илјади лица, а многу од нив се препознаа во нејзините искуства.

Британи Никол Морфилд

Анксиозноста не е само да ти е тешко да земеш воздух. Анксиозност е да се будиш во 3 часот по полноќ од цврст сон затоа што срцето ти бие забрзано. Анксиозност е да добиеш осип на кожата без причина. Анксиозност е да си под стрес за нешта кои или се или не се реални.

Анксиозност е да ја ставиш под знак прашалник твојата вера: Како мојот создател дозволува да се чувствувам вака? Анксиозност е да ѝ се јавиш на сестра ти 3 часа пред да стане за на работа, со надеж дека ќе одговори за да можеш да ги оттргнеш мислите од нападот. Анксиозност е туширање во 2 часот по полноќ.

Британи Никол Морфилд

Анксиозност е менување на расположението во неколку минути. Анксиозност е неконтролирано треперење и згрчувања на мускулите. Анксиозност е плачење, вистински и болни солзи. Анксиозноста е гадење.

Анксиозноста е парализирачка. Анксиозноста е мрачна. Анксиозноста е да редиш изговор по изговор за твоето однесување. Анксиозноста е страв. Анксиозноста е загриженост. Анксиозноста е физички и психички истоштувачка.

Анксиозноста е реална. Анксиозноста е кавга со твојот сопруг, иако не му си лута. Анксиозноста е да избувнеш за нешто што малку те изиритирало. Анксиозноста е „што ако“. Анксиозноста е многу „што не е во ред“ и „не знам“.

Твоите чувства се значајни. Само поради тоа што те засегнува нешто од кое другите не се засегнати, не значи дека си луд или безвреден. Некои од најуспешните луѓе во животот имаат анксиозност. Не е по твоја вина. Ова не е крајот. Ти си силна личност. Интелигентна. Храбра. Ти вредиш.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11137 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.