Почетна » Новости » Занимливости » „Да поставиме добар пример за нашите деца“: Мајка одговори на зајадлив коментар дека облеката ѝ е премала за нејзината тежина

„Да поставиме добар пример за нашите деца“: Мајка одговори на зајадлив коментар дека облеката ѝ е премала за нејзината тежина

Обичната посета на супермаркет се претворила во непријатно доживување за Чарли Стивенс. Таа пазарувала во придружба на својот 5-месечен син Грејсон, кога ненајдено ѝ пристапила жена и ѝ рекла дека облеката ѝ е претесна. Стивенс била шокирана поради неучтивоста, а непознатата жена ја искористила нејзината збунетост за уште еднаш да ѝ порача дека треба повеќе да размислува како се облекува.

Чарли Стивенс

Засегнатата мајка на две деца го прераскажала негативното искуство во објава на Facebook со цел да порача на меѓусебно почитување и поставување добар пример за децата. Непосредно пред случката, Стивенс долго време се борела со несаканите килограми по двете бремености и успеала да симне околу 20 килограми.

Утрово бев набрзина до локалниот Крогер за да купам картички затоа што денес сакав да завиткам некои подароци. Додека бев таму, забележав една жена, која најверојатно беше во нејзините 50-ти години, како упорно ме гледа. Мразам кога луѓето зјапаат, но не реков и не направив ништо. Неколку минути подоцна, таа дојде до мене ми рече: Мислам дека алиштата се премали за тебе.

Чарли Стивенс

Потполно неподготвена и збунета, а воедно и надевајќи се дека таа не го рече тоа навистина, реков: Се извинувам? Таа повтори: Па, без навреда, но вие сте малку преголема за тој тип облека. Моментално ми надојдоја солзи. Не знаев што да речам. Обично брзо им се развикувам на непристојни луѓе и никогаш не сум срамежлива за да кажам што мислам. Но, овој пат се замрзнав. Се замрзнав и плачев. Таа рече: Не сакам да сум злобна, но, можеби би требало подобро да размислите за вашиот аутфит пред да излезете од дома. Си замина, а јас стоев таму со количката и Грејсон, кој гледаше во мене. Буквално плачев среде божиќниот оддел. Заминав без да купам нешто, седев во мојот автомобил и плачев.

Како може луѓето да се толку непристојни? Не е тајна дека се здебелив во текот на животот. Родив две деца, така што тоа беше очекувано. Дали сум свесна дека имам прекумерна тежина? Да. Дали сакам да бидам послаба? Да. Но, дали сум ОК со начинот на кој изгледам? Да. Зошто тотално непозната личност би го прекинала она што го прави само за да навреди некого? Што ако бев во тешка депресија? Или што ако бев постојано исмевана поради мојата тежина, па само тој еден коментар од непознатата личност да беше доволен за да ме турне кон емоционална нестабилност? За среќа, не сум ништо од тоа. Но, луѓето треба да започнат да бидат добри. Да имаат општа култура. Да имаат почит. Оваа жена не знае ништо за мене. Го носев мојот 5-месечен син во количката и ТОЛКУ сум благодарна што моето 4-годишшно дете не беше со мене за да биде сведок на тоа. Исто така, оваа жена не знае дека изгубив преку 20 килограми од мојата најголема тежина досега, пред да го родам Грејсон. Но, очигледно, тоа не е доволно добро. Облеката ми беше потесна од тоа што нормално би го носела, но што ако? Не треба да е важно како се облечени луѓето.

Ве молам, ВЕ МОЛАМ, почитувајте ги луѓето. Никогаш не можете да знаете низ што поминува некој и дали некој ваш мал коментар, потсмев, поглед или што било друго би бил доволен за да скрши некого. Не го пишувам ова за сочувство, туку само како молба до секој потенцијален читател да биде учтив и да има почит за луѓето. Се плашам што мојата ќерка расте на овој свет. Мора да поставиме добар пример за нашите деца.

Чарли Стивенс

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10400 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.