Почетна » Новости » Занимливости » „Годините се само бројка“: 104-годишна жена стана најстарата личност која има летано со падобран

„Годините се само бројка“: 104-годишна жена стана најстарата личност која има летано со падобран

Дороти Хофнер е доказ дека годините не се ништо друго освен обична бројка и дека не треба да дозволуваме тие да нè ограничуваат.

Инспиративната „бабичка“ на 104 години скокна со падобран и стана најстарата личност на светот која го има направено тоа. Летечката авантура на Дороти се случи на 1 октомври во Илиноис.

Дороти Хофнер Дороти Хофнер Дороти Хофнер

Дороти скокна во тандем со Дерек Бекстер, безбедно се спушти на земјата и беше дочекана со аплауз. Запрашана како се чувствува што е повторно на земјата, таа рекла:

„Прекрасно. Но, беше прекрасно и горе. Целото нешто беше неверојатно, прекрасно. Не можеше да биде подобро“.

Дороти Хофнер Дороти Хофнер

Кога ја прашале како се чувствува што е рекордер, Дороти одговорила: „Како да сум стара. Но знаете, годините се само бројка“.

Сега, таа се надева дека овој нејзин подвик ќе биде признат и запишан во Гинисовата книга на рекорди. Засега, во Гинис стои името на Линеа Ингегард Ларсон од Шведска, која го постави рекордот на 103 години.

Дороти Хофнер

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11519 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.