Почетна » Новости » Занимливости » Глобалниот онлајн шопинг тренд ја освои Македонија: Како се купува облека преку интернет?

Глобалниот онлајн шопинг тренд ја освои Македонија: Како се купува облека преку интернет?

Глобалните трендови покажуваат дека сè повеќе луѓе купуваат онлајн, додека одењето во трговски центри и супермаркети опаѓа. Купувањето на интернет стана тренд и во Македонија, а статистиката покажува дека порастот на онлајн трансакциите е значително зголемен по пандемијата.

Доколку сте од оние што преферираат онлајн шопинг, прочитајте ги нашите совети за тоа како најлесно да дојдете до најдобрите понуди кога купувате онлајн.

Онлајн шопинг

Одредете го вашиот буџет

Пред да почнете со онлајн шопинг, важно е да го одредите буџетот наменет за трошење. На овој начин ќе се заштитите од донесување импулсивни одлуки и трошење многу повеќе средства од тоа што реално имате на располагање.

Една од придобивките од купувањето онлајн е тоа што имате многу поголем избор, па можете да ги најдете продуктите што ви се потребни по различни цени. Така ќе имате можност во виртуелната кошничка да сместите производи кои не сте можеле да си ги дозволите на други места.

Купувајте од реномирани онлајн продавници

Купувајте од реномирани и добро познати онлајн продавници кои вложуваат во квалитетот на понудата и на производите. Во спротивно, лесно може да ви се случи да нарачате производи со низок квалитет.

Не сите онлајн продавници се исти, па затоа добро проверете ја репутацијата на брендот. Во Македонија ќе најдете одлична понуда на женска облека на Ananas, релативно нова, 100% безбедна и сигурна платформа за онлајн шопинг која располага со повеќе од 100.000 производи.

Кога купувате онлајн, секогаш одлучете се за платформи со добро реноме и репутација бидејќи на тој начин ќе бидете сигурни дека добивате вистински квалитет и купувате безбедно.

Онлајн шопинг

Направете личен профил на вашите омилени онлајн продавници

Регистрирајте се и направете личен профил на вашите омилени онлајн продавници. Ова ќе ви овозможи да добивате информации во врска со доставата, да го следите статусот на вашите нарачки, како и да добивате известувања за попусти и акции.

Ќе бидете меѓу првите што знаат за најновите промоции, а ќе добивате и персонализирани препораки за продукти. Ова ви овозможува да ги зачувате вашите информации, да направите шопинг листи, да ги следите нарачките и да добивате препораки, што може да ви помогне да трошите помалку време пребарувајќи ги производите што ви се потребни.

Разгледајте повеќе понуди

Кога купувате во продавница или во трговски центар губите време одејќи до посакуваната локација, а во самите продавници најчесто мора да чекате во редица за да ја пробате облеката, а потоа и на каса за наплата.

Ова време е заштедено ако купувате онлајн. Место да пешачите со часови, може да го искористите слободното време да разгледате уште повеќе понуди, и тоа од удобноста на вашиот дом.

Онлајн шопингот значи споредување различни продукти, прецизна и детална процена на понудата и одбирање квалитетен производ, кој најдобро ќе одговара на вашите потреби и буџет.

Онлајн шопинг

Читајте ги коментарите на другите купувачи

Ако сакате да дојдете до најдобрите онлајн понуди, секогаш читајте ги коментарите на другите купувачи и проверете ги оцените на производите. На овој начин ќе дознаете дали продуктите за кои сте заинтересирани го нудат истиот квалитет што го гледате на фотографиите.

Ова е особено важно кога купувате облека или чевли. Тоа се производи што може сосема различно да изгледаат во живо и на фотографиите. Препораките и коментарите што ги оставаат другите купувачи можат да ви помогнат да ги откриете најдобрите зделки што се достапни во онлајн продавниците.

Проверете ги правилата за враќање и замена на производите

Сите онлајн продавници имаат своја политика за враќање и за замена на производите. Важно е да ги имате тие информации бидејќи така ќе знаете точно што да направите доколку некој производ не ги исполнува вашите очекувања откако сте го нарачале и добиле.

Одвојте време и прочитајте ги овие информации, па доколку не ви се допадне производот, веднаш ќе знаете дали продавницата врши враќање на парите, замена на производот, која е временската рамка и дали има дополнителни трошоци.

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11530 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.