Почетна » Новости » Занимливости » Вчерашната сина супермесечина низ објективите на македонски фотографи

Вчерашната сина супермесечина низ објективите на македонски фотографи

Синоќа, на небото се појави многу редок феномен – „сина супермесечина“, која беше втора полна месечина овој месец.

Оваа спектакуларна глетка ќе се повтори дури по 14 години, односно во 2037 година.

Вчера, месечината беше најблиску до Земјата и беше поголема и посветла од вообичаено. Беше оддалечена само 357.344 километри, што е за 160 километри поблиску од супермесечината на 1 август.

Терминот „сина“ не се однесува на бојата на нашиот природен сателит, туку на фактот што е втора полна месечина којашто се појавува во еден месец.

Сите оние кои го проследија овој небесен спектакл, имаа можност да ја видат и планетата Сатурн.

Неколку македонски фотографи направија одушевувачки фотографии од синоќешниот небесен феномен. Погледнете ги делата на Стојан Стојановски, Ивона Кочов и Боби Кузмановски.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11208 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.