Почетна » Новости » Актуелно » Исклучителни резултати на Групација Триглав во првото полугодие од 2025-та година

Исклучителни резултати на Групација Триглав во првото полугодие од 2025-та година

  • Вкупниот деловен обем на Групација Триглав порасна за 18 проценти, во однос на првата половина од минатата година и изнесува 1.065,3 милиони евра. Овој раст, главно е резултат на зголемувањето на бруто полисираната премија во сегментот Имот.
  • Деловниот резултат пред оданочување се зголеми за 22 проценти и изнесува 109,6 милиони евра, додека нето резултатот порасна за 21 процент и достигна 91,4 милиони евра.
  • Комбинираниот количник во сегментите Имот и Здравство, достигна исклучително поволна вредност од 88,2 проценти (минатата година 90,6 проценти). Профитабилноста од нови склучени договори во сегментот Живот, изнесуваше солидни 12,2 проценти (минатата година 14,1 процент).
  • Капитализацијата на Групацијата на полугодието се движеше во рамките на целниот опсег, поставен меѓу 200 и 250 проценти.
Триглав


Претседателот на Управниот одбор на Заваровалница Триглав, Андреј Слапар, изјави: „Вториот квартал исто така беше успешен, а на полугодишно ниво остваривме деловен резултат пред оданочување од 110 милиони евра. Задоволни сме со постигнатото и, имајќи ги предвид моментално познатите и очекувани деловни околности, до крајот на годината ја зголемуваме нашата прогноза за годишниот деловен резултат пред оданочување во 2025-та година. Првично планиравме меѓу 130 и 150 милиони евра, но сега проценуваме дека ќе оствариме меѓу 140 и 160 милиони евра.

Исклучително добрите полугодишни резултати, главно се должат на значителниот раст на премијата. Тоа произлегува од зголемениот обем на осигурување кај клиентите, успешното работење на меѓународниот пазар на реосигурување и осигурување, како и поволните отштетни побарувања. Во согласност со стратешката амбиција за поголема интернационализација на Триглав, дополнително го намаливме уделот на Словенија во составот на премијата, кој на полугодието изнесуваше 52 проценти, а го зајакнавме уделот на меѓународното работење. Успешно ја подобривме профитабилноста на сите осигурителни пазари, што е видливо и од поволниот комбиниран количник.

Како и досега, конзервативно управувавме со инвестициското портфолио. Затоа, неизвесната состојба на финансиските пазари немаше поголемо влијание врз резултатот на инвестицискиот сегмент, но во одредена мера влијаеше врз профитабилноста и вредноста на финансиските инвестиции и средствата во управувањето со имот.

Оваа година, Групација Триглав доби подобрена кредитна оцена „A+“ од S&P Global, со стабилни среднорочни изгледи. Остануваме добро капитализирани и финансиски стабилни, а нашите деловни резултати и идни изгледи се одразуваат и на вредноста на акцијата на Триглав. Си поставивме високи стратешки амбиции до 2030-та година и, со тим од повеќе од 5.000 посветени вработени, напорно работиме на нивното остварување.“

КЛУЧНИ ФИНАНСИСКИ ИНДИКАТОРИ ОД РАБОТЕЊЕТО ВО ПРВОТО ПОЛУГОДИЕ ОД 2025-ТА ГОДИНА

Вкупниот деловен обем на Групација Триглав изнесуваше 1.065,3 милиони евра. Сите деловни сегменти придонесоа за неговиот раст од 18 проценти, а најмногу сегментот Имот.

Бруто полисираната премија за осигурување, со-осигурување и реосигурување се зголеми со иста стапка и достигна 1.022,6 милиони евра. На словенечкиот пазар, премијата се зголеми за 5 проценти и изнесуваше 527,4 милиони евра, на останатите пазари во регионот Адриа порасна за 8 проценти на 193,4 милиони евра, додека во поширокото меѓународно опкружување, се зголеми за 61 процент и достигна 301,8 милиони евра. Последново е резултат на зголемениот обем на активно реосигурително и осигурително работење, првенствено на полскиот и италијанскиот пазар. Групација Триглав го намали уделот на Словенија во географската структура на премијата за 6 процентни поени на 51,6 проценти, додека вкупниот удел на останатите пазари во регионот изнесуваше 18,9 проценти (минатата година 20,6 проценти). Уделот на премијата од меѓународниот пазар се зголеми на 29,5 проценти (минатата година 21,6 проценти), од кои уделот на директното осигурително работење (FOS и FOE) достигна 9,1 процент, а уделот на премиите од реосигурување 20,4 проценти.

Деловниот резултат на Групација Триглав пред оданочување изнесуваше 109,6 милиони евра, што претставува раст од 22 проценти во однос на минатата година, додека нето резултатот порасна за 21 процент и достигна 91,4 милиони евра. Групацијата работеше профитабилно во сите сегменти, освен во сегментот Здравство. Во делот на работењето што се однесува на осигурување, оствари 85,8 милиони евра деловен резултат пред оданочување (раст од 38 проценти), 20,5 милиони евра беа остварени во инвестицискиот сегмент (минатата година 20,8 милиони евра) и 3,3 милиони евра беа остварени од дејности што не е поврзани со осигурување (минатата година 6,6 милиони евра).

Матичното друштво на Групација Триглав, Заваровалница Триглав, оствари деловен резултат пред оданочување од 79,8 милиони евра (раст од 20 проценти) и нето деловен резултат од 66,7 милиони евра (раст од 17 проценти).

Комбинираниот количник во сегментите Имот и Здравство, достигна поволни 88,2 проценти и е помал за 2,4 процентни поени во споредба со минатата година. Штетниот количник се намали за 1,7 процентни поени и изнесуваше 61,7 проценти, што главно е резултат на поволните отштетни побарувања и отсуството на поголеми природни масовни штетни настани. Расходниот количник се намали, заради поголемиот раст на приходите во однос на трошоците за 0,7 процентни поени и изнесуваше 26,5 проценти. Профитабилноста на работењето со осигурување беше подобрена на сите пазари каде што работи Триглав.

Вкупните средства под управување на Групација Триглав по состав и обем беа споредливи со состојбата на крајот од минатата година. Од нивната вкупна вредност од 5,9 милијарди евра, вредноста на сопствените средства, средствата поврзани со осигурување на живот, каде што осигуреникот го презема инвестицискиот ризик и средствата од финансиски договори изнесуваше 3,9 милијарди евра (индекс 100), додека средствата што се управуваат во заеднички фондови, како индивидуален имот, во пензиски фондови и како алтернативни вложувања достигнаа 2,0 милијарди евра (индекс 99).

Профитабилноста на финансиските вложувања на Групација Триглав, без средствата поврзани со осигурување на живот, каде што осигуреникот го презема инвестицискиот ризик, изнесуваше 2,7 проценти (минатата година 3,0 проценти).

ГРУПАЦИЈА ТРИГЛАВ НА МАКЕДОНСКИОТ ПАЗАРОТ
Групација Триглав на македонскиот пазар ја сочинуваат друштвата Триглав Осигурување, Триглав Осигурување Живот и Триглав пензиско друштво. Друштвата Триглав Осигурување и Триглав Осигурување Живот во првата половина од 2025-та година, го зголемија вкупниот деловен обем за 10 проценти на 23 милиони евра, додека вкупната бруто полисирана премија изнесуваше 21,7 милиони евра (во првата половина од минатата година 19,9 милиони евра). Покрај тоа, Групацијата, со пазарен удел, кој на крајот од првиот квартал годинава изнесуваше 14,1 процент, го задржа третото место на пазарот, на кој работат 17 осигурителни компании и каде премијата за осигурување во првата половина од 2025-та година порасна за 17,5 проценти.

Во првата половина од 2025-та година, Триглав Осигурување оствари раст на бруто полисираната премија во споредба со истиот период минатата година, а особено сме задоволни што во доброволното здравствено осигурување остваривме раст поголем од пазарниот. Дека нашите клиенти имаат доверба во сите сегменти на нашето работење, потврдуваат и резултатите од истражувањата, во кои што нашата компанија континуирано ја добива највисоката оценка за углед на македонскиот осигурителен пазар и е прв избор на клиентите кога станува збор за осигурување,“ изјави Главниот извршен директор на Триглав Осигурување АД, Скопје, г. Ѓорѓе Војновиќ.

Растот на полисираната премија и успешното лансирање на нови производи на друштвото Триглав Осигурување Живот, го потврдуваат лидерството во имплементацијата на новитети и стабилната позиција на пазарот. Посветени сме на понатамошен развој и иновации во корист на нашите клиенти и партнери. Со јасна стратегија и одговорен пристап кон ризиците, создаваме долгорочна вредност за осигурениците, акционерите и општеството во целина,“ изјави г-ѓа Христина Џамбазовска-Анастасов, Генерална директорка на Триглав Осигурување Живот АД, Скопје.

Добри резултати и раст во првата половина од 2025-та година оствари и Триглав пензиско друштво, кое што управува со средства во износ од речиси 235 милиони евра и забележа раст од 12 проценти во однос на крајот на 2024-та година. „Со постојани вложувања во автоматизација на процесите, современи дигитални алатки и подобрени услови за работа на нашите вработени и соработници, успеавме да достигнеме повисоко ниво на оперативна ефикасност и да овозможиме уште поголема транспарентност и подобро корисничко искуство за нашите членови, што нè прави сигурни дека ја оправдуваме нашата примарна улога како достоен пензиски партнер,“ истакна г. Тихомир Петрески, Претседател на Управниот одбор на Триглав пензиско друштво.

ПЛАН ЗА 2025-ТА И СТРАТЕГИЈА ДО 2030-ТА ГОДИНА (финансиски индикатори)

  • Групација Триглав во 2025-та година предвидуваше деловен резултат пред оданочување во износ помеѓу 130 и 150 милиони евра. По првата половина од годината, ја зголеми својата прогноза и проценува дека ќе оствари резултат меѓу 140 и 160 милиони евра.
  • Нејзината стратешка амбиција е до 2030-та година да го удвои резултатот на ниво помеѓу 250 и 300 милиони евра.
  • Вкупниот деловен обем за 2025-та година беше планиран на повеќе од 1,8 милијарди евра, а по првата половина од годината се проценува дека ќе ја надмине планираната вредност за една третина. Амбицијата на Триглав е во 2030-та година деловниот обем да изнесува меѓу 2,5 и 3,0 милијарди евра, а средствата под управување да надминат 10 милијарди евра.
  • Амбиција е комбинираниот количник во сегментите Имот и Здравство во периодот од 2025-та до 2030-та година, да биде под 95 проценти, а повратот на капиталот (ROE) во 2030-та година да изнесува меѓу 12 и 13 проценти.
  • Групација Триглав ќе се стреми да остане стабилна, сигурна и профитабилна инвестиција за инвеститорите. Нејзината амбиција е, во периодот до 2030-та година, во согласност со политиката на дивиденди, да исплати на акционерите околу 400 милиони евра дивиденди, задржувајќи ја притоа целната адекватност на капиталот и соодветните услови за раст и развој.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 28503 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.