Почетна » Новости » Занимливости » Вип ги испрати ракометарите кон нови големи победи

Вип ги испрати ракометарите кон нови големи победи

Сo огромна верба во нивните способности, желба и енергија во совладувањето на последната препрека пред летните олимписки игри, Вип денес ги испрати македонските ракометни репрезентативци на квалификациониот турнир кој од 6-ти до 8-ми април ќе се одржи во Гетеборг, Шведска.

Во знак на благодарност за досегашните успеси, но и како поддршка во соочувањето со следните спортски предизвици, Вип, како официјален партнер на РФМ, за сите ракометари и членови на стручниот штаб, обезбеди вистинско изненадување – светскиот хит во мобилната телефонија Samsung Galaxy Nexus.

Капитенот Кире Лазаров го прима смартфонот Samsung Galaxy Nexus од Никола Љушев, главниот извршен директор на ВипКапитенот Кире Лазаров го прима смартфонот Samsung Galaxy Nexus од Никола Љушев, главниот извршен директор на Вип

„Македонскиот ракомет е на прагот на историскиот успех – пласман на Олимписките игри. Она што го сонувавме и посакувавме по Светското првеннство 2009 и Европското првенство на почетокот на оваа година е на чекор да стане реалност за македонскиот ракомет и овој национален тим. Горди сме што, како официјален партнер на Ракометната федерација на Македонија, отсекогаш верувавме во огромната желба и енергија на овој тим да стигне до посакуваната цел и што ја обезбедивме неопходната поддршка за тоа. Се радувам што повторно имаме прилика да ги облечеме нашите навивачки дресови и, како верен навивачки тим во земјава, повторно да ги поддржиме нашите ракометари во нивните нови големи победи“ – изјави Никола Љушев, Главен извршен директор на Вип, на прес конференцијата пред заминувањето на репрезентацијата за Гетеборг.

Македонската ракометна репрезентација и членовите на стручниот штаб пред заминувањето во ШведскаМакедонската ракометна репрезентација и членовите на стручниот штаб пред заминувањето во Шведска

Инаку, светскиот хит во мобилната телефонија – Samsung Galaxy Nexus кој го добија членовите на ракометната репрезентација, е најнапреден технолошки уред кој со своите уникатни карактеристики треба да им овозможи на ракометарите беспрекорна мобилна комуникација со нивните семејства, пријатели, како и со многубројните навивачи. Samsung Galaxy Nexus кој од неодамна е достапен и за македонските корисници, единствено преку Вип, покрај другото овозможува и користење интернет и електронска пошта, како и снимање и размена на звук, фотографии и видеа преку популарните социјални мрежи како што се Google+, Facebook, Twitter и други.

Вип е официјален партнер на Ракометната Федерација на Македонија од јануари 2008 година. Тргнувајќи од својата определба да го препознава и наградува успехот кој се темели на натпреварувачки дух и тимска работа, преку партнерството со РФМ, Вип обезбедува целокупна поддршка на македонските ракометари и ракометарки во совладувањето на врвните спортски предизвици.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11989 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.