Почетна » Новости » Занимливости » ВИДЕО: 22-годишен ја претвори борбата со рак во инспиративно видео

ВИДЕО: 22-годишен ја претвори борбата со рак во инспиративно видео

Крис Рамбл, кој има леукемија, направи емотивно видео кое брзо прерасна во интернет хит. 22-годишниот Американец во текот на изминатава сабота ги снимил малите пациенти, докторите и медицинските сестри во одделот за онкологија во болница во Сиетл како танцуваат, пеат и покажуваат листови на кои се напишани зборови како „Борец“, „Посилен“, „Надеж“.

„Тоа беше нешто како забава. Воопшто не беше типичен ден“ – изјавил Крис, кој во неделата го поставил видеото на YouTube.

Во видеото, сите пациенти, нивните родители и медицинскиот персонал танцуваат и ја пеат песната „Stronger“ од Кели Кларксон.

Крис го направи видеото за да им одговори на своите соиграчи од хокеарскиот тим „Wenatchee Wild“, кои му пратиле видео кога дознале за неговата болест.

И Крис се појавува во видеото (момчето со портокаловата маица). Тој поминал 35 дена на одделението за деца, бидејќи имал 21 година и сè уште не бил сметан за возрасен. За време на неговиот престој таму, Крис им бил како голем брат на децата кои се борат со рак.

„Јас лично се обидувам да не дозволам некој да ја види мојата болка. Многу од децата се многу помлади и не сфаќаат низ што поминуваат“ – изјавил тој. Крис в петок треба да дознае дали кај него ракот е во ремисија.

Видеото станало уште попопуларно откако Кели Кларксон им го препорачала на своите следбеници на Twitter. Таа и ветила дека наскоро ќе ја посети болницата.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11054 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.