Почетна » Новости » Занимливости » „Вашата ‘досадна’ мајка, ќе стане ваш херој“: Маж им помага на тинејџерите повеќе да ги ценат и сакаат своите мајки

„Вашата ‘досадна’ мајка, ќе стане ваш херој“: Маж им помага на тинејџерите повеќе да ги ценат и сакаат своите мајки

Маж им помага на тинејџерите да си ги подобрат односите со мајките и да започнат повеќе да ги слушаат нивните совети.

Џордан Тома е успешен на социјалните мрежи и постојано одржува мотивациски говори во училишта со цел да им ја зголеми самодовербата на децата кои поминуваат низ чувствителен период од животот, како и да им го зајакне односот со родителите. Како личност со дислексија и АДХД (дефицит на внимание), 34-годишниот татко на две деца смета дека немало да успее во животот ако неговата мајка не верувала во неговите способности, не го насочувала и не му „досадувала“.

Џордан Тома

Тој совршено добро знае дека тинејџерите ги сметаат мајките за „непријатели“ и дека не сакаат да ги слушаат, па преку своите видеа се обидува да го промени тоа.

„Таа мора да ти ги каже работите кои ги мисли, затоа што ти е мајка. Таа има потреба да знае каде си и што правиш. Таа има потреба да ти каже што треба да правиш, каде треба да одиш, бидејќи ти е мајка. Затоа што те сака и затоа што знае дека ако не ти каже, можно е да го пропуштиш единственото нешто што таа сака да го знаеш – колку си специјален(на). Таа сака да знаеш колку си неверојатен(на). Таа сака ти да знаеш дека можеш да постигнеш сè што ќе посакаш со вербата која мајка ти ја има за тебе. Таа сака да го знаеш тоа, затоа што ти е мајка“ – порачува Тома. Џордан Тома

Во една од неговите снимки вели:

Имаш строга мајка? Не, тоа е добра мајка. Имаш досадна мајка? Не, тоа е добра мајка. Имаш мајка што сака да знае што правиш цело време? Имаш добра мајка. Имаш мајка која се бори со тебе? Не, имаш мајка која се бори за тебе. Имаш мајка која ти се јавува за да те провери, која те подготвува за на училиште и за животот? Тоа е добра мајка.

Тоа е мајката која ти треба во животот. Тоа е мајката која ќе ти го промени животот... Ако се навратиш на животот никогаш нема да речеш, мамо ти беше најдосадна, најстрогата мајка. Ти ветувам дека ќе кажеш: „Мамо, ако ти не беше онаква каква што си, јас немаше да будам онаков каков што сум“.

@imjustakidwithaniep You got a good mom️ #mom ♬ original sound - Jordan Toma
Џордан Тома Џордан Тома

Во друго видео, на тинејџерите им порачува дека мајчиното „НЕ“ секогаш значи „Те сакам и сакам да те заштитам“.

Сакам да го запомниш ова за мајка ти. Сакам да го помниш кога мајка ти ќе каже НЕ.

Кога мајка ти ќе каже „Не“, не ти го вели тоа затоа што не сака да се забавуваш, затоа што не сака да излегуваш, затоа што не сака да го живееш животот.

Мајка ти вели „Не“ затоа што те сака.

„Не“ значи: „Загрижена сум“, „Не“ значи: „Не ми се допаѓа таа ситуација“, „Не“ значи: „Не сакам да го направиш тоа, затоа што сметам дека не е добра идеја“, „Не“ е претчувството на мајка ти и мора да го слушаш тоа претчувство...

Кога мајка ти ќе ти каже „Не“ мислиш дека сака да ти го уништи животот, да ти застане на патот, но тоа „Не“ е само големо „Те сакам“.

Можеби не ти се допаѓа мајка ти во тој момент, можеби не мислиш дека е во право, туку дека греши, но ти ветувам дека кога ќе се навратиш на твојот живот, ќе ѝ се заблагодариш на мајка ти за сите пати кога ти рече „Не“. Секогаш кога ти рече „Не“, беше во право. Верувај ми. Во моментов не можеш да го видиш, но кога ќе се вратиш наназад, ќе видиш. Ќе речеш: „Фала Богу, што мајка ми рече НЕ“, „Фала Богу што мајка ми ми рече да останам дома таа вечер“.

Следниот пат кога мајка ти ќе ти рече „НЕ“, тоа значи дека можам да го видам, можам да го осетам и мора да речам „НЕ“.

Кога мајка ти ќе ти рече „Не“, насмевни се и речи ѝ „Те сакам“.

@imjustakidwithaniep When your mom says NO️#mom #imjustakidwithaniep ♬ original sound - Jordan Toma
Џордан Тома

„Можеби им сме најголеми непријатели денес, но утре ќе бидеме нивни херои“ – вели мајката на Џордан, Деви, која е и инспирација за видеата.

Џордан Тома
@imjustakidwithaniep Now I will explain #imjustakidwithaniep #mom ♬ original sound - Jordan Toma
Џордан Тома Џордан Тома Џордан Тома

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11414 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.