Почетна » Новости » Занимливости » Браво: Патиката на дечко со аутизам се распадна сред маратон, друг натпреварувач му ја подари својата

Браво: Патиката на дечко со аутизам се распадна сред маратон, друг натпреварувач му ја подари својата

Некои приказни ја враќаат вербата во човештвото, докажувајќи ни дека во светот постојат прекрасни личности.

Таков е случајот со Хесус Вилануева, кој сред маратон му подарил патика на натпреварувач чија обувка се распаднала. Откако ја завршил трката, во обид да си ја пронајде патиката, тој дознал дека со своето мало добро дело му помогнал на дечко со аутизам да си го оствари сонот да се квалификува на Бостонскиот маратон.

Хесус Вилануева Хесус Вилануева

Минатиот месец, за време на маратонот во Мексико Сити, патиката на Џери Манцано се распаднала, што негативно се одразило на неговото темпо на трчање. Тоа го забележал Хесус и без размислување ја соблекол својата патика и му ја дал. Иако обувката била поголема за три броеви, сепак му помогнала на упорниот дечко да ја заврши трката и да се квалификува за Бостонскиот маратон.

Подоцна, преку социјалните мрежи, добродушниот натпреварувач дознал за големината на неговото добро дело.

Хесус Вилануева

Џери има аутизам и нему му е многу важно да трча маратони, а сон му било да учествува на маратонот во Бостон. Благодарение на времето од 2:55:27, тој се квалификуваше, што немаше да може да го направи со една патика.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11219 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.