Почетна » Новости » Занимливости » Борци од првиот здив: Денес е Светскиот ден на предвреме родените дечиња

Борци од првиот здив: Денес е Светскиот ден на предвреме родените дечиња

Денес облечете се во виолетово, бидејќи тоа е заштитната боја на Светскиот ден на предвреме родените дечиња кој се слави токму на 17 ноември.

Предвреме родено бебе

За предвреме родени деца се сметаат бебињата родени пред 37-мата гестациска недела. Се проценува дека на светско ниво предвремено се раѓаат по 15 милиони бебиња, а тоа значи 1 на секои 10 бебиња.

Тоа се мали души кои уште од првиот ден на овој свет водат тешка битка, со секој здив и со сите сили се борат за својот живот.

За жал, 1 милион од нив не преживуваат. Предвременото породување на глобално ниво е причина број еден за смртност кај децата под 5 години. Оние кои преживуваат често се соочуваат со нарушено здравје, попреченост, тешкотии во учењето како и проблеми со видот и слухот.

„Прематуритетот останува глобален проблем и водечка причина за смртност на деца до петтата година, додека дел од преживеаните деца се борат со тешки компликации по здравјето“ – пишуваат од Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје, од каде објавија и фотографии од мали борци.

Светскиот ден на предвреме родените деца се слави за да се подигне свеста за оваа појава и да се поттикнат чекори кон изнаоѓање решенија и преземање превентивни мерки, за да се спречат компликациите кои доведуваат до предвремено породување на мајките.

Покрај превентивните мерки, потребно е сè повеќе да се истакнуваат и придобивките од методите кои спасуваат животи. Токму затоа, во изминатите години се укажува на важноста на „кенгурирањето“, односно контактот „кожа на кожа“ на мајката и бебенцето.

„Таквиот контакт ја подобрува термичката регулација, спречува инфекција, го стимулира производството на мајчиното млеко и дава позитивни физиолошки, бихејвиорални, психосоцијални и невроразвојни ефекти додека го намалува ризикот од неонатална смртност за 40 проценти“ – изјавуваат од УНИЦЕФ.

Предвреме родено бебе

Светскиот ден на предвреме родените деца се слави на 17 ноември од 2011 година.

„Мали акции, ГОЛЕМО ВЛИЈАНИЕ: Итна нега кожа на кожа за секое бебе, насекаде“ – е мотото на овогодишната кампања на УНИЦЕФ.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11461 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.