Почетна » Новости » Занимливости » „Борка“ прослави 10 години постоење и активизам во борба против ракот

„Борка“ прослави 10 години постоење и активизам во борба против ракот

На 26.11.2017 година во ресторан Александар Парк во Виница, беше организирана јубилејна прослава по повод 10 години од постоењето на Борка – македонско здружение за борба против ракот.

Над 150 жени од разни градови од Македонија присуствуваа на прославата организирана и финансирана од Макпрогрес Виница. На настанот беше организирана и хуманитарна лотарија со награди од локални спонзори. Собраните средства се наменети за нега на пациенти кои боледуваат од рак на дојка.

Настан во Виница

Неодамна, беше одддржана Десеттата Национална Конференција посветена на ракот на дојка, во организација на Здружението за борба против рак „Борка- за секој нов ден”, на која се апелираше и беа истакнати загрижувачки факти и податоци за ова заболување во Македонија.

Највисоко на ризичната листа по смртност од рак на дојка, на прво место во Европа, се наоѓа Македонија. Нажалост, во земјава умираат најголем број од пациентите кои заболеле од оваа болест. Оваа информација е застрашувачка ако се земе предвид дека во повеќето европски земји, оваа болест успешно се лекува.

Настан во Виница Настан во Виница

Со цел подигнување на свеста во општеството за ракот на дојка како потенцијално излечива болест, здружението „Борка” активно ги едуцира граѓаните, преку испраќање на јасна порака до сите дека ракот не смее да се третира како неизлечива болест и да се охрабрат да прават редовни прегледи за негово навремено дијагностицирање.

Макпрогрес Виница го поддржува здружението „Борка“ во решителноста и напорите да ги интензивира реформите за подобрување на условите во земјава, за справување со оваа болест.

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11988 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.