Почетна » Новости » Занимливости » Битолчанка со вешти раце создава торти и десерти кои веднаш ќе посакате да ги пробате

Битолчанка со вешти раце создава торти и десерти кои веднаш ќе посакате да ги пробате

Катерина Јовановска ќе ве инспирира веднаш да се упатите кон вашата кујна.

Битолчанката со вешти раце создава торти и десерти кои се едноставни и брзи за подготовка и рецептите ги споделува на својот YouTube канал.

Kate’s Cooking Diaries” е катче кое таа го создала во јуни 2022 година и до денес има над 70 илјади следбеници.

Торти од Катерина Јовановска Торти од Катерина Јовановска

Креативната ентузијастка за готвење вели дека најмногу ужива кога приготвува чизкејк, а инспирација и идеја за рецептите добива од тортите кои нејзините мајка и свекрва ги приготвувале во минатото.

„Десертите пред сè гледам да се брзи и лесни за подготовка, бидејќи тие пројавуваат најголем интерес и гледаност. Состојките кои ги користам се едноставни и лесно достапни за секој да може да ги приготви, а во самото видео е објаснета целата постапка чекор по чекор“– вели Кате.

Торти од Катерина Јовановска Торти од Катерина Јовановска

Слатките задоволства Кате редовно ги споделува со своите најблиски.

„Најголеми дегустатори и критичари ми се семејството, пред сè сопругот и брат ми, а потоа и пријателите кои веднаш се тука штом пријавам нов рецепт“– изјави таа.

Торти од Катерина Јовановска Торти од Катерина Јовановска Торти од Катерина Јовановска Торти од Катерина Јовановска Торти од Катерина Јовановска Торти од Катерина Јовановска Торти од Катерина Јовановска

Погледнете дел од рецептите на Кате и претплатете се на нејзиниот YouTube канал Kate’s Cooking Diaries:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11504 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.