Почетна » Новости » Занимливости » БиМилк донира производи за дечињата од разни институции ширум земјата

БиМилк донира производи за дечињата од разни институции ширум земјата

Компанијата БиМилк во текот на оваа недела ќе донира пакети со млечни производи за децата од бројни згрижувачки институции ширум земјата. Дечињата од СОС детското село, дневниот центар Меѓаши, Здружението на слепи лица Златен Стремец, Домот 11 Октомври, Мајчин дом – Битола, како и многу други организации, ќе добијат пакети со милкшејк, кој е достапен во 3 различни вкусови. Оваа акција се спроведува во соработка со првата детска амбасада во светот Меѓаши, и со неа повеќе од 800 деца ќе имаат можност да го вкусат овој млечен пијалак.

Девочје пие милкшејкПовеќе од 800 деца ќе имаат можност да вкусат милкшејк

„Грижата за децата и нивниот правилен раст и развој, претставува приоритет во нашето работење. Затоа, се решивме на децата од избраните институции да им подариме милкшејк – вкусен млечен напиток, кој е особено богат  со протеини и јаглехидрати. Покрај тоа што е вистинско освежување, овој производ дава дополнителна енергија и помага полесно да се совладаат тешките умствени и физички задачи, кои му претстојат на организмот во развој. БиМилк и во иднина ќе се труди да ја покаже својата хумана страна и да внесува што е можно повеќе радост во детските срца” – изјави Полексена Ристеска, одговорна за маркетинг во БиМилк.

Како општествено одговорна компанија, БиМилк и во иднина ќе остане посветена на реализација на најразновидни проекти и активности, кои имаат пошироко значење за заедницата на која и припаѓа.

Бимилк донација Бимилк донација

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12007 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.