Почетна » Новости » Занимливости » Бесценет момент: Мајка за првпат го зема во прегратка бебенцето кое се родило со тежина од само 860 грама

Бесценет момент: Мајка за првпат го зема во прегратка бебенцето кое се родило со тежина од само 860 грама

Првата средба помеѓу мајката и бебето е скапоцена и засекогаш се врежува во срцето, но кога малечкото е родено во 26. недела од бременоста, овој момент буди уште посилни емоции.

Видео во кое нова мајка за првпат го зема во прегратка своето предвреме родено бебенце и нежно го гали, додека солзи извираат од нејзините очи, нема да ве остави рамнодушни.

„Четири дена по породувањето, за првпат го држев моето бебенце. Тоа што конечно можев да го држам в раце беше најубавото чувство на светот. Тој се роди кога бев бремена само 26 недели и 3 дена. Докторите немаат претстава зошто се роди порано, јас сум доста здрава личност, никогаш не пропуштав да ги земам пренаталните витамини, целосно го отфрлив кофеин и вежбав на некој начин регуларно. Тој се роди тежок само 860 грама.“

„Првите четири дена не можев да го кренам, едвај можев да го допрам. Сакав само нормална бременост, нормален пораѓај, сакав да можам да го држам бебето уште веднаш, да го хранам и да го прегрнувам. Грејсон сега има речиси 6 месеци и напредува одлично, откако мораше да остане на интензивна нега 84 дена. Тој е среќен, здрав и сега можам да го прегрнувам кога и да посакам. Застрашувачка е помислата дека 1 од 10 бебиња се раѓа предвремено. Сакам само другите родители кои минуваат низ истото да знаат дека: тешко е, страшно е, но вие сте посилни отколку што мислите дека сте, вашето бебе е борец и не се сами. Се надевам дека еден ден наскоро ќе можете и вие да си го однесете дома вашето бебе“ – стои во описот на видеото на Facebook.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11024 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.