Почетна » Новости » Занимливости » Бебе Саем наскоро по четврти пат ќе ги отвори вратите за посетителите

Бебе Саем наскоро по четврти пат ќе ги отвори вратите за посетителите

Од 4 до 6 мај во спортскиот центар Борис Трајковски ќе се одржи „Бебе Саем 2012”. Родители, трудници, деца и бебиња – сите на овој саем се добредојдени бидејќи ова е саем наменет токму за нив, скроен по нивните потреби и желби.

Бебе Саем

„Роденденот на мојата ќерка е на почетокот на мај, па минатата година се совпадна со траењето на Бебе Саемот и решивме да го прославивме токму таму. Мојата ќерка беше навистина воодушевена, па саемот го посетивме сите три дена. Сокчиња, колачиња, многу шарени играчки на сите страни, различни реквизити за играње, театарски претстави, многу музика и забава, детски модни ревии и интересни натпревари и квизови, беа дел од богатата програма. Тоа беше просто мало детско царство, „мал рај на играчките и игрите“. Атмосферата беше весела и исполнета со детска смеа и џагор од многуте дечиња присутни таму. Ќерка ми уште отсега е возбудена и нетрпеливо ме прашува кога повторно ќе започне Бебе Саем за таму да го прославиме и нејзиниот 5 роденден” – вели Снежана М. од Скопје.

Бебе Саем

И оваа година, посетителите ги очекува богата забавно-едукативна програма. Покрај детската забава, на саемот ќе присуствуваат и врвни медицински експерти и ќе бидат организирани работни сесии на различни теми: како полесно да се надминат проблемите со кои се соочуваат младите родители, тешкотиите во бременоста, правилниот раст и развој на децата, навремено и правилно постапување по одредени симптоми, како да се искористат игрите и забавата во растот и развојот на децата.

Бебе Саем

За бремените жени ќе бидат обезбедени катчиња за одмор и релаксација, како и посебен простор за бебиња, а ќе бидат организирани и многу интересни и невообичаени натпреварувачки содржини: напретвар по брзо лазење, натпревар на татковци во брзо пресоблекување и многу други натпревари каде победниците ги чекаат вредни награди.

Бебе Саем

Овој саем, кој гордо ја носи титулата на најголем специјализиран саем од овој вид во Македонија, и оваа пролет ќе ги развесели сите посетители, а особено родителите со атрактивните саемски попусти на детска опрема и опрема за трудници.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11986 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.