Почетна » Новости » Занимливости » „Бабите и дедовците се смиреност за нашиот хаос, мир за нашиот немир, енергија за нашата истоштеност“

„Бабите и дедовците се смиреност за нашиот хаос, мир за нашиот немир, енергија за нашата истоштеност“

Бабите и дедовците имаат специјално место во животот на децата. Кога родителите се премногу уморни од секојдневните трчаници, обврски и активности, тие се тука да донесат доза мир, мудрост, позитивност и ведрина.

Кели Бачара им посвети текст на нејзините родители и на родителите на нејзиниот партнер, кои секогаш се присутни во нивниот живот за да помогнат во грижата за децата и домот.

Пријателки

Едно бебе се роди и срцата на неговите родители беа полни. Лудо се вљубија во нивното слатко детенце. Но, по безброј немирни ноќи, истите тие родители едвај можеа да функционираат.

Тогаш дојдоа бабите и дедовците да го подржат бебето за родителите да поспијат.

Кога нивната куќа се претвори во контејнер, тревата излезе надвор од контрола, а садовите во мијалникот се натрупаа, родителите беа избезумени.

Тогаш дојдоа бабите и дедовците за да им помогнат со домашните обврски.

Кога бебето го болеше мешето и плачот не запираше, родителите се чувствуваа поразено и безнадежно.

Тогаш дојдоа бабите и дедовците за да ја пренесат нивната мудрост.

Родителите имаа потреба да излезат на вечера за да се поврзат, бидејќи доаѓањето на бебето може да направи тие да се оддалечат. Но, тие немаа дадилка.

Тогаш дојдоа бабите и дедовците за да им овозможат да поминат време насамо.

Кога се појавија двете линии на тестот за бременост и родителите дознаа дека ќе добијат уште едно бебе, ги обзеде страв и анксиозност кои им кажуваа дека ќе биде премногу.

Тогаш дојдоа бабите и дедовците за да ги потсетат дека никогаш нема да бидат сами.

Кога мајката беше вознемирена и чувствуваше дека е невозможно да се грижи за нејзиното семејство, дека и самата е дете, започна да плаче.

Тогаш дојдоа бабите и дедовците за да ја гушнат и да ја потсетат дека и таа е нивно дете.

Кога родителите и нивните деца имаа потреба од искра позитивност и некој кој ќе им го развесели денот, знаеја кому треба да се јават.

Тогаш дојдоа бабите и дедовците и им ставија широка насмевка на лицата.

Бабите и дедовците се смиреност за нашиот хаос, мир за нашиот немир, енергија за нашата истоштеност, утеха за нашиот страв, верба за нашите сомнежи.

Потребно е специјално срце за истовремено да се грижиш и да ги сакаш твоите бебиња и бебињата на твоите бебиња. Понекогаш имаме потреба од љубов која е толку неверојатно голема што може да покрие повеќе генерации.

Тогаш доаѓаат бабите и дедовците за да го направат токму тоа.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11344 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.