Почетна » Новости » Занимливости » Авантуристичко семејство: Мајка го користи породилното отсуство за семејно патување низ светот

Авантуристичко семејство: Мајка го користи породилното отсуство за семејно патување низ светот

Карен Едвардс е главна медицинска сестра од Лондон која има малку поинаква идеја кога станува збор за породилно отсуство. За разлика од останатите жени кои периодот по породувањето го поминуваат во домот, оваа Англичанка патува низ светот со своето семејство.

Патување Патување Патување Патување Патување

Карен и нејзиното семејство се моментално на второто семејно патување низ светот. Оваа мајка-авантуристка веќе го искористила породилното отсуство за своето прво дете на ист начин.

Откако се родила ќеркичката Есме во 2014 година, семејството останало во нивниот дом во Лондон само 10 недели, а потоа Карен се одлучила да ја однесе во Нов Зеланд, од каде што потекнува нејзиниот сопруг Шон. За време на престојот во Нов Зеланд, тие се договориле да не ги откажуваат плановите за патување што ги направиле уште пред да дознаат дека Карен е бремена.

Патување Патување Патување Патување Патување Патување Патување Патување

„Малку бевме себични во смисла на тоа што не сакавме да се откажеме од нашето патување. Есме беше изненадување, па така се обидовме да ја вклучиме и неа во нашите планови“ – раскажува Карен. Тричленото семејство тргнало на турнеја во Азија и посетило 6 држави. „Верувам дека различните градови, мириси и звуци ќе ги стимулираат сите нејзини сетила“ – ја објаснува Карен својата необична одлука.

Патување Патување Патување Патување Патување Патување Патување Патување

По раѓањето на нивното второ дете, синчето Квин, семејството одлучило да ја повтори авантурата и тргнало на патување кога бебенцето наполнило 9 недели. Инспирација за тоа биле прекрасните искуства од претходното породилно отсуство поминато во патување. „Се обидувам да им објаснам на луѓето... Всушност, полесно е вака отколку да бидеш дома каде што имаш толку многу обврски околу водењето на домаќинството“ – вели 33-годишната мајка и додава: „Многу сме среќни со ова што го правиме“.

Патување Патување Патување Патување Патување Патување Патување Патување Патување Патување

Искуствата стекнати за време на патувањата, Карен ги опишува на својот блог Travel Mad Mum, каде што споделува и совети за семејствата кои сакаат да го следат нејзиниот пример. Таа тврди дека ваквиот начин на живот не е несоодветен за деца и дека ним не им пречи тоа што одреден период секоја вечер спијат во нов кревет, туку напротив, тоа им помага во изградување на карактерот.

Патување Патување Патување Патување Патување Патување Патување

3-годишната Есме има посетено преку 30 држави, а 4-месечниот Квин – засега само 7. Животниот стил на Карен предизвика многу родители да ги упатат своите критики кон неа и да ѝ порачаат дека со својата непромисленост ги изложува децата на опасност. Таа едноставно одговара дека ги има потребните квалификации за да се грижи за своето семејство и дека за децата е добро тоа што може да им се посвети без да има други обврски во домот.

Патување Патување Патување Патување Патување Патување Патување Патување Патување Патување Патување Патување Патување Патување Патување Патување

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11175 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.