Почетна » Новости » Занимливости » Авантуристички пар од Полска со комбе пропатувал низ 50 држави ширум светот со дневен буџет од само 415 денари

Авантуристички пар од Полска со комбе пропатувал низ 50 држави ширум светот со дневен буџет од само 415 денари

Патувачките афинитети на Карол Левандовски и Александра Шлусарчик не се поклопувале со нивниот заеднички буџет. Сепак, младиот пар од Полска решил да не се откажува од своите соништа поради недостатокот на финансиски средства и разработил стратегија за патување со ограничен буџет.

28-годишните авантуристи досега имаат посетено над 50 држави со дневен буџет од околу 415 денари, а нивниот динамичен стил на живеење трае веќе 6 години. Фотографиите од патувањата низ светот парот ги објавува на заедничкиот блог „By Bus Around The World“, а фотографиите се придружени со совети за оние кои сакаат да се нафатат на сличен патувачки подвиг, но сè уште не се доволно храбри.

Патувања со комбе Патувања со комбе Патувања со комбе Патувања со комбе

Кратко време откако се венчале, Карол и Александра отпатувале на меден месец во Алјаска и со тоа започнал нивниот експеримент. Младенците тргнале на пат со своето комбе, а за нивното патување да трае подолго, се откажале од престои во хотели и јадење во ресторани.

Патувања со комбе

Патувањето во Алјаска се покажало како прекрасно искуство и затоа парот решил да отпатува повторно. Така започнал нивниот пат околу светот со заедничкото хипи комбе, кое било преполно со прехранбени намирници поради желбата да заштедат за храна.

Патувања со комбе Патувања со комбе

Дел од нивниот авантуристички потфат било честото ноќевање во шатор под отворено небо, а понекогаш добивале шанса да преноќат кај локални жители на местата кои ги посетувале. Што се однесува до патните трошоци, Карол и Александра смислиле одлично решение. Покрај тоа што земале со себе патници за да ги поделат трошоците за гориво, тие испраќале и разгледници до секој кој за возврат ќе им плати литар гориво.

Патувања со комбе Патувања со комбе Патувања со комбе Патувања со комбе Патувања со комбе Патувања со комбе Патувања со комбе Патувања со комбе Патувања со комбе Патувања со комбе Патувања со комбе Патувања со комбе Патувања со комбе Патувања со комбе Патувања со комбе Патувања со комбе Патувања со комбе

„Кога ни требаше помош од механичар, често не сакаа да ни земат пари бидејќи беа импресионирани од нашите патувања, сакаа да ни помогнат и да бидат дел од нашата авантура“ – вели Карол.

Патувања со комбе

Заљубените авантуристи ги охрабруваат сите што сакаат да патуваат да го следат нивниот пример. „Кога луѓето слушаат за нашите патувања, често велат дека отсекогаш сакале да направат нешто такво и дека би сакале да бидат како нас, но никогаш не се осмелиле. Сметаме дека тоа е поради нивниот страв и стереотипите за ваквиот начин на патување, поради што луѓето само си бараат изговори за да не обидат во нешто слично“ – велат тие и истакнуваат дека ваквите патувања имаат многу предности, како на пример запознавањето нови луѓе.

Патувања со комбе Патувања со комбе Патувања со комбе Патувања со комбе Патувања со комбе Патувања со комбе Патувања со комбе Патувања со комбе Патувања со комбе

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11084 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.