Кој не обожава да гледа видеа за рецепти? Ни ги скокоткаат сетилата, ни даваат идеи, нè подучуваат како шефовски да подготвуваме специјалитети.
Во македонското YouTube пространство никна Fat Kitchen, шоу за готвење кое веќе отвора апетит кај растечката мрежа од обожаватели.
Никола Исаиловски, познат и како Fat Cacko, покажува како да направите таљатели со домашно песто, да се почестите со вкусна пица, да испечете пиле...