Почетна » Новости » Занимливости » 92-годишна бабичка го сруши Гинисовиот рекорд за најстара жена која има истрчано маратон

92-годишна бабичка го сруши Гинисовиот рекорд за најстара жена која има истрчано маратон

Ова е Матеа Алансмит. Не, таа не е обична бабичка, туку супербабичка.

Матеа Алансмит Матеа Алансмит

Во декември минатата година, Матеа ја помина целната линија на маратонот во Хонолулу и стана најстарата жена на светот која некогаш истрчала маратон. Таа тогаш имаше 92 години и 194 дена. Пред неколку дена, од Гинисовата книга на рекорди ѝ го доделија признанието и објавија за нејзиното постигнување.

Матеа Алансмит Матеа Алансмит Матеа Алансмит

Инспиративната жена од Хаваи ја истрча патеката од 42,1 км за 10 часа и 48 минути.

Матеа, која е пензионирана докторка, има 93 години, но тоа не ја спречува да тренира шест дена во неделата независно од временските услови. Интересно е што таа трча дури и кога е на одмор.

Можеби ќе помислите дека Алансмит трча целиот свој живот и дека поради тоа не ѝ било тешко да го одржи континуитетот и во поодмината возраст, но тоа не е точно. Таа започнала да трча рекреативно на 46-годишна возраст и се вљубила во таа физичка активност.

Матеа Алансмит

„Маратонот во Хонолулу е мојот омилен маратон, бидејќи не ја затвора вратата во одредено време, туку им овозможува и на најбавните трчачи да ја завршат трката“ – рекла таа.

Матеа не дозволува годините да ја спречат да го живее животот со полна пареа и е најсреќна кога патува.

„Трчањето во различни градови низ светот ми овозможи да добијам чувство за различните места и луѓе“ – рекла таа.

Најголеми поддржувачи за време на нејзините потфати се нејзините шест деца.

Матеа Алансмит

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11200 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.