Почетна » Новости » Занимливости » 62-годишна жена се фотографира низ светот во фустанот кој го носела на свадба пред 35 години

62-годишна жена се фотографира низ светот во фустанот кој го носела на свадба пред 35 години

Ребека Витлингер си создаде интересна традиција која ја става во фокусот на бројни медиуми и списанија.

62-годишната жена патува низ светот и се фотографира на различни локации облечена во истиот фустан кој го носела како деверуша на свадбата на блиска пријателка пред 35 години.

Таа признава дека на почетокот не ѝ се допаѓал златниот фустан направен по нарачка на невестата, но била пресреќна што ќе биде дел од веселбата.

По свадбата во 1988 година, Ребека била убедена дека никогаш повторно нема да посака да го носи фустанот, но подоцна се премислила. „Ми изгледаше малку веројатно, сè додека не решив: ‘Ако не можам да го носам никаде, ќе го носам секаде и ќе се фотографирам за да го докажам тоа’“ – изјавила Витлингер.

Италија, Перу, Англија... Своите авантури Ребека ги споделува на својот профил на Instagram. Погледнете фотографии:

Ребека Витлингер Ребека Витлингер Ребека Витлингер Ребека Витлингер Ребека Витлингер Ребека Витлингер Ребека Витлингер Ребека Витлингер Ребека Витлингер Ребека Витлингер Ребека Витлингер Ребека Витлингер Ребека Витлингер Ребека Витлингер Ребека Витлингер Ребека Витлингер Ребека Витлингер Ребека Витлингер Ребека Витлингер Ребека Витлингер Ребека Витлингер Ребека Витлингер Ребека Витлингер Ребека Витлингер Ребека Витлингер Ребека Витлингер Ребека Витлингер

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11200 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.