Почетна » Новости » Занимливости » 3-годишно девојче стана најмладата личност која ги има посетено сите 63 национални паркови во САД

3-годишно девојче стана најмладата личност која ги има посетено сите 63 национални паркови во САД

Еден, по еден, Џурни Кастиљо на само 3-годишна возраст ги посети сите 63 национални паркови во САД.

Со тоа, малото девојче од Сан Антонио, Тексас, стана најмладата личност која ги има посетено сите национални паркови во САД.

Џурни Кастиљо Џурни Кастиљо

Родителите Валери и Ерик ја одвеле Џурни во Големиот Кањон кога имала само две недели и оттогаш започна нејзиното авантуристичко патување.

Тогаш, брачниот пар си поставил цел да се погрижи бебенцето да има посетено 21 национален парк додека да наполни една година. И токму тоа се случило, но за кратко време тие ја прошириле својата мисија - посета на 42 национални паркови додека Џурни да наполни две години.

Џурни Кастиљо Џурни Кастиљо Џурни Кастиљо Џурни Кастиљо

Со секое остварување на зацртаната цел, амбициозниот план продолжувал. Гордите родители сметаат дека ваквите екскурзии ѝ помагаат на Џурни да се развива подобро и да биде во контакт со природата. Таа ги направила и првите чекори за време за една нивна прошетка во парк.

„Таа го впиваше сето тоа, нејзините очи се ококоруваа и таа се смееше. Тоа што растеше низ националните паркови многу ѝ помогна да го зацврсти својот карактер и внатрешната сила.“

„Бестрашна е. Таа е дете на кое кога ќе ѝ пријдеш, ќе започне разговор со тебе, ќе поставува прашања. Сака да знае сè. Многу е љубопитна“ – велат Валери и Ерик.

Џурни Кастиљо Џурни Кастиљо Џурни Кастиљо Џурни Кастиљо Џурни Кастиљо Џурни Кастиљо Џурни Кастиљо Џурни Кастиљо Џурни Кастиљо Џурни Кастиљо Џурни Кастиљо Џурни Кастиљо Џурни Кастиљо Џурни Кастиљо Џурни Кастиљо Џурни Кастиљо Џурни Кастиљо Џурни Кастиљо

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11214 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.