Почетна » Новости » Животни стории » „Чуда се случуваат“: Мајка, на која ѝ велеле дека веројатно нема да има деца поради ендометриоза, ја подигнува свеста за болеста

„Чуда се случуваат“: Мајка, на која ѝ велеле дека веројатно нема да има деца поради ендометриоза, ја подигнува свеста за болеста

Жена, на која ѝ велеле дека можеби нема да може да има деца, роди синче и сега посветено ја подигнува свеста за ендометриозата и шири надеж.

Видео

Емилија Викторија имала 24 години кога ѝ била дијагностцирана ендометриоза и ѝ било соопштено дека можеби нема да може да забремени. Пред докторите да откријат што не е во ред со неа, таа страдала од неподносливи болки цели 11 години.

„Ендометриозата беше насекаде, дури и во некои од моите лигаменти. Ендометриозата физички и ментално беше едно од најтешките нешта со кои требало да се справам во животот. Хроничната болка, уморот, подуеноста, проблемите со плодноста и ефектот кој го има на сите органи од телото...“.

„Има денови кога мојата матка ги откажува плановите, а не јас. Не можам да одам на работа, да се дружам со пријателите, да присуствувам на настани и да имам нормални секојдневни активности. Научив да ги користам максимално добрите денови и вистински да одмарам и да го слушам моето тело во лошите денови“ – вели таа.

Емилија Викторија Емилија Викторија Емилија Викторија

Иако целото патување до дијагнозата било исполнето со потешкотии, најтешкото нешто за неа било кога слушнала дека можеби нема да може да забремени. За среќа, болеста кај неа не се покажала како пречка за плодноста и во август минатата година таа роди синче.

„Едно од најсрцепарателните нешта кои некогаш сум ги слушнала беше дека можеби нема да можам да забременам поради мојата ендометриоза. Но, бевме истрајни и го добивме нашето чудо. До сите едно пријателки кои се борат со неплодноста: Моето срце е со вас и се надевам дека еден ден сите ќе го добиете вашето чудо. Не губете надеж, чуда се случуваат“ – вели Викторија.

Емилија Викторија Емилија Викторија Емилија Викторија Емилија Викторија Емилија Викторија

Март е месец за подигнување на свеста за ендометриозата.

Ендометриозата е хронично, често и прогресивно заболување пратено со болка. Се јавува кај 10% од жените кои се во репродуктивна возраст.

Ендометриоза е состојба при која мали делови од ендометриумот (слузницата на матката) ја напуштаат шуплината на матката (cavum uteri) и се прикачуваат на други органи, најчесто во пределот на карлицата. Прочитајте повеќе.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11132 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.