Почетна » Новости » Животни стории » Убава вест: Малиот Илче кој живееше со чаша млеко на ден и не беше искапен една година ја напушти Детската клиника

Убава вест: Малиот Илче кој живееше со чаша млеко на ден и не беше искапен една година ја напушти Детската клиника

Случајот на 11-годишниот Илче, кој беше напуштен од родителите без никаква грижа, ја потресе земјава. Кревкото момче, кое страда од церебрална парализа, преживувало со една чаша млеко на ден и не било искапено една година пред да биде пренесено на Клиниката за детски болести.

Денес Венко Филипче ја објави среќната вест дека Илче одлично закрепнува и дека ја напушта Детската клиника за да се пресели во мал групен дом.

Илче

„Илче од Охрид по десеттина дена лекување и нега на Клиниката за детски болести успеа со плеснување на рачињата и едно големо браво да се збогува со тимот лекари кои се грижеа за него.“

„Илче здрав и расположен си заминува во мал групен дом. Неговата состојба кога беше хоспитализиран беше тешка, а денеска со надеж дека Илче ќе има шанса за подобар живот го испраќаме седнат расположен за игра и насмеан да влезе во новото семејство.“

„Огромна почит за сите здравствени работници, тимот психолози, дефектолози, лекарите и сестрите кои цело време се грижеа за него!“ – напиша Филипче.

Илче Илче Илче

Илче бил напуштен од двајцата родители, прво од таткото, а потоа и од мајката која имала психички нарушувања и не можела соодветно да се грижи за него. Тој бил оставен кај човек кој не знаел ниту каква терапија прима. За случајот на прегладнетото момче апелирале соседите преку социјалните мрежи, а откако за тоа бил информиран министерот, момчето веднаш било префрлено на Клиниката за детски болести во Скопје.

Илче

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 8902 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.