Почетна » Новости » Животни стории » Три години по породувањето дознале дека бебињата им биле заменети во болница, смислиле генијално решение

Три години по породувањето дознале дека бебињата им биле заменети во болница, смислиле генијално решение

Две мајки биле шокирани кога дознале дека нивните бебиња биле заменети непосредно по породувањето. Но, наместо да дозволат оваа ужасна ситуација да им ги уништи животите, смислиле генијално решение.

Мајки и ќерки

Маринела Алагна и Жизела Фодера, кои потекнуваат од истото село на Сицилија, се породиле на новогодишната вечер, на 1 јануари 1998 година на 15 минути растојание една од друга. Среќните мајки ги зеле во прегратка нивните малечки без воопшто да се посомневаат дека тие ненамерно биле заменети по раѓањето. Маринела ја држела Мелиса Фодера додека Жизела во прегратка ја имала Катерина Алагна.

Три години, посветените мајки се грижеле за ќеркичките, подарувајќи им ја целата нивна љубов. Сè се променило за време на приредба во градинка.

Кога Маринела ја видела Катерина, била запрепастена колку многу таа личела на останатите нејзини ќерки.

Мајки и ќерки

„Ја препознав мајката на Катерина, Жизела Фодера, од мајчинскиот оддел и започнав да се сомневам. По 15 дена, направивме ДНК тест и умот ми се помати. Беше нереално, премногу невозможно“ – рекла таа.

Кога мајките сфатиле што всушност се случило ноќта кога се породиле, знаеле дека мора да најдат решение. Двете сакале да бидат со своите биолошки деца, но ниту една не сакала да се оддели од детето кое го растела со години.

„Ги предизвикувам сите да растат ќерка три години, а потоа да се откажат од неа поради едноставна грешка“ – рекла Фодера.

На почетокот двете семејства ги менувале децата меѓусебно, но тоа било тешко за сите. Набрзо ја отфрлиле таа непромислена идеја и се преселиле во еден дом, одлучувајќи да ги израснат девојчињата како сестри.

Мајки и ќерки Мајки и ќерки Мајки и ќерки Мајки и ќерки

Катерина и Мелиса откриле како се поврзани дури кога наполниле 8 години. Девојките чувствуваат како да имаат две мајки и не жалат воопшто што го живеат животот заедно.

„Ние сме феномени. Имаме по четири баби и дедовци, два татковци и две мајки“ – велат девојките, кои дури да се запишат на факултет учеле во ист клас и израснале како близначки.

Мајки и ќерки Мајки и ќерки Мајки и ќерки

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11149 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.