Почетна » Новости » Животни стории » Таткото на Бијонсе се отвори за неговата борба со рак на дојка

Таткото на Бијонсе се отвори за неговата борба со рак на дојка

Ракот на градите/дојките најчесто се поврзува со женскиот пол, а малкумина се свесни дека станува збор за болест која ги засега и мажите. Таткото на Бијонсе се обидува да го промени тоа.

Метју Ноулс, таткото на Бијонсе и Соланж, сподели со јавноста дека се соочил со страшна дијагноза за којашто малку се зборува кога се во прашање мажите. Во интервју за „Good Morning America“, тој се отвори за болеста токму на почетокот на месецот посветен на подигање на свеста за ракот на дојка.

„Сакам да споделам дека и јас преживеав рак на градите“ – вели Метју.

Ноулс

Откако забележал крв на маицата неколкупати, тој се загрижил и разговарал со сопругата која споделила дека видела капка крв и на чаршафите. 67-годишниот поранешен менаџер на Destiny's Child веднаш закажал преглед со мамограф и резултатот бил рак.

На прашањето како се чувствувал кога ја слушнал дијагнозата, тој одговорил: „Од сите болести кои би можел да го добијам, зошто ова го добив? Од машка перспектива, се прашував зошто јас.“

Ноулс

„Добро сум, се оперирав во последната седмица од јули. Сега ги правам сите чекори кон опоравување. Втората града ќе ми ја отстранат во јануари, затоа што сакам да сторам сè за да го редуцирам ризикот“ – вели Метју и потенцира дека никој заболен не може да каже дека гарантирано го победил ракот.

„Секогаш има ризик. Кај мене, ризикот од повторување на рак на дојка е помал од 5%, а со отстранувањето на другата града, се намалува на околу 2%“ – објасни тој.

Метју потенцира дека и кај неговите деца и внуци е зголемен ризикот од појава на рак, па порача дека превенцијата и раната детекција се од суштинска важност.

Ноулс

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11175 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.