Почетна » Новости » Животни стории » „Таа е мојот ангел“: Мајка се сретна со жената која ѝ ја донираше матката за да си го оствари сонот да добие бебе

„Таа е мојот ангел“: Мајка се сретна со жената која ѝ ја донираше матката за да си го оствари сонот да добие бебе

Средбата меѓу Челзи Џованович и Шерил Урбан слободно може да се нарече специјална.

Шерил ѝ ја донираше својата матка на Челзи за таа да може да се реализира како мајка. Двете жени се запознаа една година по трансплантацијата, а меѓу нив се роди силна врска.

Челзи Џованович и Шерил Урбан Челзи Џованович и Шерил Урбан

„Таа е мојот ангел на Земјата. Без неа, немаше да можам да имам семејство. Многу сум ѝ благодарна“ – рекла 33-годишната нова мајка.

Челзи имала само 15 години кога докторите ѝ кажале дека никогаш нема да може да забремени и да роди дете, поради редок синдром кој резултирал со недоразвиена матка.

„Тоа ме уништи. Сè што некогаш сакав е да бидам мајка“ – рекла таа.

По стапувањето во брак, таа и нејзиниот партнер се обиделе да добијат дете преку сурогат-мајка, но не успеале.

„Сакав да се откажам, бидејќи бев уморна од плачење. Поради некаква причина, се сетив дека мојот лекар ми имаше дадено копија од списание во кое пишуваше за трансплантација на матка“ – објаснила таа.

Трансплантациите на матка сè уште се многу ретки на глобално ниво и се сметаат за експериментални. Досега се направени само 50 такви во целиот свет, а се родени само 20 бебиња. Процедурата вклучува трансплантација на матка од починат или жив донор во друга жена за таа да може да носи бебе.

Иако Челзи не мислела дека некогаш ќе биде избрана за процедурата, решила да се обиде. Откако ѝ биле направени тестови, таа дознала дека не само што е избрана, туку и дека веќе е пронајден донор за неа.

Во февруари минатата година, била направена 12-часовната трансплантација, а шест недели подоцна ѝ биле имплантирани три ембриони. За жал, првиот обид не бил успешен. Но, затоа вториот бил и набрзо парот се израдувал на позитивен тест за бременост.

Челзи Џованович и Шерил Урбан Челзи Џованович и Шерил Урбан Челзи Џованович и Шерил Урбан

„Мојата бременост беше најмагичното нешто. Беше неверојатно. Никогаш не ни помислував дека ќе можам да носам бебе. Велат дека ако треба, ќе одиш до крајот на светот за твоите деца, а јас отидов до крајот на светот за да го добијам моето дете“ – вели таа.

Челзи на почетокот не можела да го дознае идентитетот на жената која ѝ помогна да си го оствари сонот да стане мајка, но една година подоцна, мисијата била успешна.

Таа ја поканила Шерил на трудничката фотосесија, а подоцна и во нејзиниот дом каде добила шанса да го држи во раце бебето Телден Вокер, кое постои на овој свет благодарение на неа.

Челзи Џованович и Шерил Урбан Челзи Џованович и Шерил Урбан Челзи Џованович и Шерил Урбан

„Не ми се верува дека функционира. Тој е совршен. Вистинско, вистинско чудо“ – рекла Шерил по првата средна и додала дека не сакала да престане да го држи бебето.

„Таа плачеше, јас плачев, сите плачевме. Си го ризикуваше својот живот за да ми го даде овој прекрасен дар – го направивме ова заедно. Едноставно сум премногу благодарна“ – рекла Челзи.

Шерил, која има две деца, одлучила да ја подари матката откако слушнала за таа можност.

„Имав две прекрасни бремености. Уживав во бременостите и во чувството да имам деца. Сакав да му го овозможам тоа на некој друг“ – рекла таа.

Челзи и Шерил сега се нарекуваат сестри по душа, а бебето Телден е причината за тоа.

Челзи Џованович и Шерил Урбан Челзи Џованович и Шерил Урбан Челзи Џованович и Шерил Урбан

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11495 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.