Почетна » Новости » Животни стории » „Среќна сум што сум на овој свет“: Поранешна мисица тренира и танцува и покрај ампутацијата на ногата

„Среќна сум што сум на овој свет“: Поранешна мисица тренира и танцува и покрај ампутацијата на ногата

Мисица не дозволува ампутацијата на ногата да ѝ биде пречка за да ужива во животот. Со позитивен став, таа продолжува да танцува, да плива и да тренира, стремејќи се да инспирира што повеќе личности да го ценат секој ден од нивниот живот и да бидат благодарни за она што го имаат.

Даниела Алварез Даниела Алварез

Видеа

Даниела Алварез во 2011 година ја освои круната на натпреварот за убавина Мис Колумбија, а во 2012 година ја претставуваше татковината на Мис Универзум. Тогаш таа стана амбасадорка на УНИЦЕФ, а подоцна и водителка и сопственичка на бутик.

Даниела Алварез Даниела Алварез Даниела Алварез

Но, во мај минатата година, 32-годишната девојка, која обожава да танцува, открила дека мора да ѝ биде направена операција откако докторите пронашле грутка во нејзиниот стомак.

За жал, поради компликации, Алварез поминала низ пет операции и добила исхемична срцева болест која ѝ ја парализирала долната половина од телото, од папокот до стапалата. Таа морала да донесе тешка одлука да ѝ биде ампутиран долниот дел од левата нога, бидејќи тој не добивал крв.

„Можев да имам стапало, но тоа немаше да биде функционално. Докторите и моето семејство разговараа за тоа, а јас донесов одлука да добијам протеза на ногата која ќе ми овозможи да танцувам, да трчам, да возам велосипед, да пливам и да ги правам сите нешта кои ги сакам“ – рече таа.

Даниела Алварез Даниела Алварез Даниела Алварез Даниела Алварез Даниела Алварез

Патувањето на Даниела во моментов го следат повеќе од 3 милиони лица на Instagram. Нејзините пораки се полни со надеж, храброст и верба дека може да ги надмине сите предизвици.

„Чудо е тоа што сум жива и што сè уште можам да го споделам сето ова со вас, дека сум тука за да ја раскажувам мојата приказна. Сигурна сум дека ќе биде уште подобро, бидејќи сè во животот се случува со причина. Знам дека Бог има големи планови за мене и ќе ги споделам со сите вас.“

Даниела Алварез Даниела Алварез Даниела Алварез Даниела Алварез Даниела Алварез Даниела Алварез

Видеа

„Без разлика на тешкотиите, мораме да бидеме издржливи во животот.“

„Си го сакам моето тело исто како и претходно. Среќна сум што сум на овој свет за да се преборам со сите предизвици кои ќе дојдат во мојот нов живот. Знам дека со божја помош, сè е возможно. Зашто ми се стапала кога имам крилја за да летам? Ајде да продолжиме да се движиме напред“ – вели Даниела.

Даниела Алварез Даниела Алварез Даниела Алварез Даниела Алварез Даниела Алварез Даниела Алварез Даниела Алварез Даниела Алварез

Неодамна, храбрата девојка сподели дека ѝ се појавиле компликации и во десното стапало и дека ќе мора да носи лонгета за да спречи повреди.

„Човечкото тело е нешто совршено и уникатно, а јас ќе продолжам да го давам најдоброто од себе за да постигнам одлични резултати“ – порача таа.

Даниела Алварез Даниела Алварез Даниела Алварез Даниела Алварез Даниела Алварез Даниела Алварез Даниела Алварез Даниела Алварез Даниела Алварез

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11096 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.