Почетна » Новости » Животни стории » „Со љубов, сè е возможно“: Запознајте го најстариот пар со Даунов синдром

„Со љубов, сè е возможно“: Запознајте го најстариот пар со Даунов синдром

Животната приказна на „најстариот пар со Даунов синдром“ ќе ве увери дека љубовта не познава граници и дека таа може да победи сè.

Сторијата за Мериен и Томи, кои имаат Даунов синдром, ја сподели сестрата на Мериен. Нејзината цел е да ја подигне свеста за ова нарушување, да им влее надеж на сите оние кои имаат близок со хендикеп и кои се плашат за неговата иднина, како и да им измами насмевка на луѓето кои ја читаат нивната приказна.

Мериен и Томи Мериен и Томи

Парот е заедно 29 години, а стапи во брак пред 26 години и покрај сите препреки кои стоеле пред него. Мотото на двајцата партнери е: „Со љубов, сè е возможно“.

„Нивната љубовна приказна е уникатна. Нејзината врска со Томи е како бајка“ – пишува Линди, сестрата на Мериен.

Мериен и Томи се запознале во 1990 година додека работеле во локален центар за лица со попреченост. И двајцата имаат страст кон готвењето, па и двајцата помагале во кујната во центарот. Веднаш било јасно дека нешто специјално се случува меѓу нив.

Тие се состанувале 18 месеци кога Томи решил да ѝ предложи брак на Мериен. Три години подоцна, нивниот сон се остварил и тие запливале во брачните води.

Мериен и Томи Мериен и Томи

„Нивниот свадбен ден беше совршен. Тие беа опкружени со нивните семејства, пријателите и со многу љубов. 250 гости уживаа во прославата. Мериен изгледаше како принцеза во нејзиниот прекрасен бел фустан, тијарата и долгиот превез. Се сеќавам дека си помислував колку многу сакам и јас да имам ваква свадба кога ќе се мажам! Го сакав истиот фустан, истиот автомобил, истата црква и да пронајдам некој кој ќе ме сака толку многу.“

„Откако си ги кажаа заветите, танцуваа на нивната омилена песна ‘I’ve Had The Time of My Life’ од ‘Dirty Dancing’. Тие одлучија да започнат да танцуваат уште во црквата, додека присутните ги гледаа. Сите плачеа!“ – пишува Линди.

Мериен и Томи

По свадбата, младенците се вселиле во сопствен стан во близина на семејството и веќе 16 години живее самостојно.

Мериен и Томи Мериен и Томи Мериен и Томи Мериен и Томи

„Мериен и Томи живеат во балон во кој се гледаат само еден со друг. Нивниот цел свет се врти околу нив и тие воопшто не се грижат за остатокот од светот. Љубовта која ја имаат еден за друг е толку длабока што тие буквално не можат да поднесат да бидат разделени. Томи сигурно ѝ кажува на Мериен дека ја сака 50-100 пати на ден.“

„Еден од најдрагите спомени од нив ми е како ги гледам додека тие набљудуваат огномет во Дизниленд. Стоеја таму, рака под рака, целосно внесени во моментот, не грижејќи се за никој друг на светот, ниту пак за она што се случуваше околу нив. Беше прекрасно. Јас се восхитувам колку е чиста нивната љубов, без задни намери, тие немаат никакви лоши карактеристики. Тие не постојат во нивната ДНК“ – продолжува таа.

Мериен и Томи Мериен и Томи Мериен и Томи

Денес, Томи има 61 година, а Мериен 48 години. Тој страда од Алцхајмерова болест, а таа му помага да ги извршува обврските кои не може сам. Тие се најдобри пријатели.

„Мериен секогаш вели дека Томи ѝ е најдобар пријател. Томи секогаш вели дека Мериен е негова љубов, па кога ѝ се обраќа секогаш ја вика ‘љубов моја’ или ‘мојата драга сопруга’. Честопати ѝ пее, а негова омилена песна е ‘Love Me Tender’ од Елвис.“

„Тие не знаат да читаат и пишуваат, не можат да кажат колку е часот, не ја разбираат вредноста на парите. Тие не разбираат кога се во опасност. Тие не разбираат која облека е соодветна на годишното време... Но, тие разбираат што е чиста љубов. И ја чувствуваат 29 години“.

Мериен и Томи Мериен и Томи Мериен и Томи

„Нивниот брак е како бајка и се многу блажено среќен пар. Мислам дека најголемиот дел од нас може да научи нешто од нив. Кога се свршија пред 26 години, многу луѓе се сомневаа во нив и велеа дека тоа е одвратно и дека не треба да им биде дозволено да стапат во брак. Велеа и дека тоа никогаш нема да успее. Неверојатно е што кажувам дека тие се сè уште толку среќни како што беа пред 29 години која првпат се сретнаа. Тие им покажаа на сите кои се сомневаа во нив дека грешеле.“

„Сега, тие се најстариот пар со Даунов синдром“ – пишува Линди.

Мериен и Томи Мериен и Томи

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11060 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.