Почетна » Новости » Животни стории » „Со срце за Цобе“: Апел за помош на 38-годишниот Цобе кој боледува од рак на коските

„Со срце за Цобе“: Апел за помош на 38-годишниот Цобе кој боледува од рак на коските

Животот знае да биде немилосрден. Слободан Попов наместо да ужива во благодетите на семејниот живот и радоста со сопругата и со 5-годишната ќерка, тој води тешка борба за живот.

38-годишниот Цобе веќе 10 години се бори со остеосарком, чест вид на рак на коските.

„Драги пријатели, сакам да Ве замолам за помош, бидејќи веќе 10 години се борам со остеосарком. Имам 38 години, татко сум на 5-годишно девојче, сопруг, брат, син. По цела борба со оваа болест, по 2 неуспешни операции, сепак успеав да најдам начин како да ја победам оваа болест. Од минатата година сум на третман со онкохипертермија и хемотерапија која дава одлични резултати и која ми дава надеж да ја погледнам иднината во очи. Меѓутоа, сето ова чинеше многу финансиски средства и за конечната борба, односно операција, која треба да се направи што поскоро, се надевам август или септември. Оваа операција чини 50.000 евра, кои не сум во можност да ги обезбедам. Ве молам за Ваша помош со што повторно ќе можам да се радувам и да уживам со мојата ќеркичка. Однапред Ви благодарам на помошта“ – пишува Цобе во апелот на GoFundMe.

Слободан

Ајде да помогнеме и да издвоиме колку што можеме средства за Цобе. Нашата донација од срце за него значи многу!

Броеви за донација

143 463 (A1)

143 103 (Телеком)

Сметка за донација

200003505609092
Стопанска Банка АД Скопје

Сметка за донација од странство

Стопанска Банка АД Скопје, 11 Октомври бр. 7, Бранч Скопје
IBAN CODE: MK 07200003505611129EUR
SWIFT CODE: STOBMK2X
Цел на дознака: Донација за Слободан Попов

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 8876 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.