Почетна » Новости » Животни стории » „Слабеењето ми ја излечи депресијата“: Мајка си го трансформираше телото и гордо ја покажува виснатата кожа

„Слабеењето ми ја излечи депресијата“: Мајка си го трансформираше телото и гордо ја покажува виснатата кожа

Мајка на две деца, која се соочувала со депресија поради тежината, ослабе 27 килограми и целосно си го трансформираше телото. Сега таа е полна со самодоверба и се гордее со своите резултати, гордо покажувајќи ја виснатата кожа.

Лидија Инестроза Лидија Инестроза Лидија Инестроза Лидија Инестроза

Лидија Инестроза немала проблеми со килограмите, сè додека не стапила во брак и не го родила првото дете. Таа водела нездрав начин на живот, а нејзината исхрана се состоела главно од брза храна и газирани пијалаци. Поради тоа, нејзините килограми постојано се зголемувале и достигнала тежина од 91 килограм.

„Само јадев, гледав телевизија и се грижев за децата. Тоа беше мојата дневна рутина. Бев депресивна, постојано бев тажна и не сакав да излегувам зашто имав проблем да изберам што ќе облечам. Не ми се допаѓаше она што го гледав во огледалото и мислев дека никогаш нема да ослабам. Тоа ме правеше уште подепресивна. Си велев себеси дека не вредам, дека изгледам како ѓубре. Не се сакав себеси“ – вели Лидија.

„Мојот живот тогаш се состоеше од два збора, а тие беа ‘Посакувам да...’. Посакувам да сум фит. Посакувам да сум здрава. Посакувам да изгледам како онаа девојка. Посакувам да ги носам овие фармерки“ – објаснува таа.

Откако забележала дека зголемената тежина започнала да ѝ влијае на врската со сопругот, таа одлучила дека е време за промени. „Си реков почни да правиш нешто во врска со тоа“ – вели таа за моментот кога решила да ослаби.

Лидија Инестроза Лидија Инестроза Лидија Инестроза Лидија Инестроза Лидија Инестроза Лидија Инестроза Лидија Инестроза Лидија Инестроза

Лидија не само што започнала да тренира секој ден, туку и целосно си ја променила исхраната, насочувајќи се кон високо протеински оброци и многу овошје и зеленчук. Резултатите се очигледни и таа сега тежи 64 килограми.

Лидија Инестроза Лидија Инестроза Лидија Инестроза

„Имам многу поголема самодоверба, повеќе не сум депресивна, се гордеам со себе“ – вели таа.

„Едно од најпоставуваните прашања е дали имам вишок кожа. ДА, се разбира дека имам.“

„Решив да ја прифатам мојата висната кожа за да им испратам порака на другите девојки дека тоа е ОК, дека никој не е совршен.“

„Би им рекла на луѓето кои сакаат да ослабат да го направат тоа, да престанат да посакуваат и да преземат чекори. Не дозволувајте виснатата кожа да ви биде изговор за да не го промените вашиот начин на живот. Вишокот на кожа ќе биде дел од вашето патување и ќе раскажува приказна“ – порачува Лидија.

Видео

Лидија Инестроза Лидија Инестроза Лидија Инестроза Лидија Инестроза Лидија Инестроза Лидија Инестроза Лидија Инестроза Лидија Инестроза Лидија Инестроза Лидија Инестроза

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 8879 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.