Почетна » Новости » Животни стории » Слабеењето ѝ помогна на 60-годишна жена навремено да го открие ракот на дојка, па ја преполови тежината

Слабеењето ѝ помогна на 60-годишна жена навремено да го открие ракот на дојка, па ја преполови тежината

Прекумерната тежина може да спречи навремено откривање на сериозна болест. Тоа ќе беше случај и со Линди Челучи, која доколку не ослабеше, можеби предоцна ќе откриеше дека има рак на дојка.

60-годишната учителка од Канада најпрво симнала 37 килограми и случајно пронашла грутка на дојката, по што отишла на мамографија и ја започнала најтешката битка во животот.

„Немаше да ја пронајдам таа грутка ако не ослабев. Тоа ми го спаси животот двапати. Ме спаси од срцев удар и ме спаси затоа што ја најдов грутката“ – вели таа.

Линди Черлучи Линди Черлучи Линди Черлучи

Имено, во 2014 година, Линди тежела 135 килограми кога заедно со пријателки се упатиле на тешко достапна плажа. За да стигнат до неа, требало да се симнат по стотици скали. Таа сметала дека доколку се симне, нема да успее повторно да се врати горе.

Тажната Линди останала сама, гледајќи ги пријателките како се забавуваат и фотографираат. Тоа било клучниот момент кога сфатила дека мора да направи промена.

Челучи ја променила исхраната и ја зголемила физичката активност. Таа најпрво успеала да симне 37 килограми.

Еден студен зимски ден, Линди обидувајќи се да си ги затопли рацете, почувствувала грутка на дојката. По прегледот, таа ја добила страшната дијагноза – рак на дојка.

Линди Черлучи Линди Черлучи

По неколкумесечна борба со ракот, Линди извојува победа над смртоносната болест.

Линди Черлучи

Линди денес тежи 68 килограми и има поголема самодоверба. Покрај пешачење, таа применува и Зумба и пливање.

Линди Черлучи

ВИДЕО

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11024 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.