Почетна » Новости » Животни стории » „Сакам да се радувам на животот како и сите останати“: Да му помогнеме на 19-годишниот Бојан повторно да застане на нозе

„Сакам да се радувам на животот како и сите останати“: Да му помогнеме на 19-годишниот Бојан повторно да застане на нозе

Бојан Димитриевски моли за помош. 19-годишното момче остана целосно неподвижно по сообраќајна несреќа, при која се здоби со тешка повреда на ‘рбетниот мозок и му беше дијагностицирана квадриплегија (одземеност на раце и нозе).

На Бојан му се потребни парични средства за лекување во Москва, Русија. Неговото семејство не е во можност да ги подмири трошоците за неговото лекување, па затоа тој има потреба од помош од сите хумани луѓе.

Броеви за донации:

Телеком: 070 143 414

A1: 143 550

Трансакциска сметка: 200003373418462

За донации од странство:

SWIFT: STOBMK 2X

EUR: MK07200003376775050

USD: MK07200003376787660

CHF: MK07200003376781355

Бојан

Прочитајте ја неговата трогателна порака:

Осамнува ноќта и се буди денот. Сонцето силно грее, топли и усреќува, но не и за мене. Јас освен говор друго не можам да употребам. Гледам кон моето неподвижно тело... Сакам да ги помрднам рацете, да измијам лице, заби и да бидам убав, среден и личен дечко како порано. Ништо од тоа си велам... И денес лицето ќе ми го мие мајка ми и денес ќе го гледам тажниот поглед на татко ми, а за сестра ми премногу боли за да опишам како таа се чувствува. Знам дека срцето им е разделкано на милион парчиња кога ќе ме погледнат. Освен тага, солзи и немоќ одамна не сме доживеале нешто убаво дома.

Еве, денес е денот кога сум се родил 21.09.2000 година. Се прашувам некогаш зошто ми се случува ова на мене, зошто животот е толку немилосрден... каде погрешив, кому... Гледам кон моите нозе кои ме предадоа, ниту едната ниту другата не ми помагаат да добијам надеж за подобро утре. Креветот и перницата ми се верни пријатели веќе 1 година.

Одев, творев, со моите две раце, ја гушкав својата девојка, го галев моето куче и маче, можев да ја почувствувам целата среќа на светот, а сега чезнеам за да можам макар и еден прст од телото да помрднам, да ми даде надеж, волја за живот и барем трошка радост. Барем едно нешто да ми даде желба дека можеби ќе можам да живеам барем дел од животот како порано. Да ме викнат другарите, да одиме на фудбал, да одам на факултет, да се радувам на животот како и сите останати.

Простете што Ве оптеретувам со својот проблем, знам дека секој има проблеми во животот; но би сакал да апелирам да ми помогнете кој колку може. Не можам да го поднесам овој начин на живот. Сакам да живеам како сите други деца. Сакам да го прославам роденденот. Сакам да наздравам за денот кога сум се родил, а не да го колнам. Ве молам... Не можам да го поднесам погледот на мајка ми која низ болки, во утробата се радувала за синот кој се родил и ѝ ја донел најнеописливата среќа денес. Тие биле најсреќните луѓе на светот. Верувајте дека моите родители како што народно се вели „не стапнале на мравка во животот“, никому свесно не згрешиле и не останале должни, така да еден Господ знае дека ова е несреќа која не ја заслужиле.

Затоа, ВЕ МОЛАМ помогнете ми да ги израдувам, да можам да ги гушнам, да им кажам благодарам за животот што ми го пружија и да се израдувам и јас на овој ден. Благодарам и Господ да Ве Благослови на сите што дониравте и досега, а и сите што ќе одвоите дел од вашите средства. Ве молам помогнете за да можам и јас наскоро да учествувам во својот живот и животот на другите луѓе.

Господ да Ви даде среќа, здравје и голем благослов во животот.

Бојан

Бојан

Организиран е хуманитарен концерт за помош на Бојан, кој ќе се одржи на стадионот во Трубарево, а ќе настапат бројни музичари меѓу кои и Викторија Лоба и Тајзи. Настанот ќе се одржи на 9 октомври со почеток од 16 часот.

Бојан

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10271 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.