Почетна » Новости » Животни стории » „Никогаш не се откажувај“: По победата над леукемијата, пливачка се квалификуваше на Олимпијадата во Токио

„Никогаш не се откажувај“: По победата над леукемијата, пливачка се квалификуваше на Олимпијадата во Токио

Девојка од Јапонија стана инспирација за многумина откако ја победи леукемијата и се квалификуваше на Олимпијадата во Токио.

Ике Рикако Ике Рикако

Ике Рикако беше ѕвезда на Летните олимписки игри во Рио де Жанеиро каде се закити со два сребрени и шест златни медали. 20-годишната девојка имала големи надежи за следните олимписки игри, кои требало да се одржат во летото 2020 година, а беа одложени поради пандемијата со КОВИД-19.

Ике Рикако Ике Рикако Ике Рикако

Но, животот понекогаш задава тешки удари. Во февруари 2019 година, на Ике ѝ била дијагностицирана леукемија и таа поминала 10 месеци во болница за да ја победи лошата болест.

Кратко време по излегувањето од болница, започнала напорно да тренира во март минатата година, надевајќи се дека ќе се квалификува за Олимписките игри во 2024 година.

Ике Рикако Ике Рикако

Но, кога Олимпијадата во Токио била поттурната за 2021 година, во главата на Ике започнала да се раѓа идејата за квалификување на истите. Напорните тренинзи и упорноста ја одвеле до остварување на нејзиниот сон.

„Не можам да ви опишам колку сум среќна“ – рекла таа низ солзи по победата.

Ике Рикако

„Во тој момент се присетив на сè што поминав за да стигнам тука. Бев шокирана. Не можев да најдам смисла во ништо. Мислам дека ќе ми треба време за да го разберам ова. Воопшто не очекував да победам и се чувствував многу помалку самоуверена отколку за време на олимписките квалификации пред пет години.“

Ике Рикако Ике Рикако Ике Рикако

„Мислев дека уште долго време нема да можам да победам. Но, тренирав многу напорно за победа. На крајот, дојдов на трката со мислата: ‘Дома сум. Тука припаѓам’. Чувствувам дека дури и ако минуваш низ страдање и болка, твојата напорна работа секојпат ќе биде наградена“ – вели таа.

Ике на сите кои минуваат низ тежок период им порачува да не се откажуваат.

Ике Рикако

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11948 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.