Почетна » Новости » Животни стории » „Немаше суво око во собата“: Фотосесија на девојка во венчаница со баба ѝ за која знаела дека нема да доживее до свадбата

„Немаше суво око во собата“: Фотосесија на девојка во венчаница со баба ѝ за која знаела дека нема да доживее до свадбата

Девојка организираше нежна фотосесија во старечки дом со баба ѝ, бидејќи знаеше дека таа нема да доживее да ја види во венчаница на свадбата.

Бетани Бојкин ја изненади 87-годишната старица, појавувајќи се пред неа во невестинскиот фустан, а фотографиите од моментот насолзија илјадници интернет корисници. Бабата починала 8 дена по фотосесијата.

Бетани Бојкин Бетани Бојкин

„Прво влезе мајка ми и ѝ рече дека сакам да ја видам. Потоа, јас влегов внатре и ја прашав што мисли. Таа ги отвори очите и ја имаше реакцијата која ја гледате на фотографиите. Нејзините зборови беа: ‘Ох, колку е убав’ и постојано повторуваше колку е убав фустанот. Сакаше да го види секој детаљ. Не можеше гласно да зборува и ѝ требаше повеќе време за да го каже тоа што го мисли.“

Бетани Бојкин Бетани Бојкин

„Отсекогаш си мислев дека таа ќе биде на мојата свадба. Дури и кога знаев дека нема да присуствува на свадбата, сè уште длабоко во себе се држев за надежта дека ќе успее, но знаев дека тоа не е реалистично.“

„Затоа ја претворив фотосесијата во 'наш момент' и тоа ми беше повеќе од доволно“ – објаснила внуката.

Бетани Бојкин Бетани Бојкин Бетани Бојкин Бетани Бојкин

Тејлор Дејл, која била задолжена за фотографиите, изјавила:

„Беше прекрасно што можев да овековечам толку специјален момент. Како фотографка, сум видела многу различни уникатни моменти, но овој беше најдобриот кој сум го фотографирала досега. Немаше суво око во собата. Сите се смееја и плачеа, се разбира тоа беа солзи-радосници. Беше многу сладок и незаборавен момент и горда сум што го овековечив“.

Бетани Бојкин Бетани Бојкин Бетани Бојкин Бетани Бојкин Бетани Бојкин

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11086 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.