Почетна » Новости » Животни стории » „Не се откажувај, бори се посилно“: Модел кој двапати го победи ракот инспирира со својата приказна

„Не се откажувај, бори се посилно“: Модел кој двапати го победи ракот инспирира со својата приказна

Рафаела Гесумарија е вистински борец. Младата девојка од Америка двапати го победи ракот и сега со насмевка го дочекува секој нов ден од својот живот.

„Ракот не дискриминира. Не е важно кој си, на која возраст си, од која раса си или што работиш“ – вели Рафаела, која градела кариера како модел.

Рафаела Гесумарија

Во нејзините 20-ти години, Рафаела ја добила страшната дијагноза од која на секого му се ежи кожата. Во рамките на редовен дерматолошки преглед, нејзе ѝ била направена биопсија со што ѝ бил откриен тумор на кожата.

„Она што мислев дека е рутинска посета на дерматолог, излезе дека е нешто многу поголемо. Резултатите од биопсијата беа позитивни и морав да направам операција на левата страна од моето лице. Тоа беше страшна вест. Како ќе работам со лузна по моето лице? Бев скршена, кариерата ми пропадна, целата напорна работа и соништата се скршија на парчиња. Станав депресивна и се затворив. Што ќе правам? Никогаш не сум имала работа, не отидов на колеџ – стрес до максимум“ – пишува Рафаела.

„Модата е моја страст, мое сè, единствената работа која некогаш сум ја сакала.“

Рафаела Гесумарија

Откако ја извојувала оваа победа, Рафаела била соочена со уште поголем здравствен предизвик.

Додека напорно тренирав за да се вратам во форма, мислев дека си истегнав мускул, па отидов на доктор. По прегледот со ултразвук открија дека имам рак на дојка.

„Го помнам моментот кога ги слушнав тие зборови (повторно), ‘имаш рак’, но овој пат беше поразлично“ – признава таа.

Сонувајќи за успешна кариера во модната индустрија, Рафаела се плашела дека ќе ја изгуби косата како резултат на хемотерапијата. „Во тој момент единствено бев загрижена за тоа дека ќе ‘изгледам поразлично’, не сакав луѓето да ме асоцираат со ‘пациент со рак’“.

„За сето тоа да стане уште полошо, дознав дека ќе влезам во хемиски предизвикана менопауза и дека ако сакам да имам деца, ќе треба да си замрзнам јајце клетки. Докторите сакаа да започнеме со лекување што поскоро, па морав да донесам брза одлука. Сè се одвиваше толку брзо, бев преплавена од емоции и немав можност да го процесирам сето тоа што ми се случуваше. Следната недела ми беше закажана операцијата, а на 26 август 2019 година започнав со хемотерапија.“

Рафаела Гесумарија

Стравувајќи дека ќе ја изгуби косата, Рафаела се убедила да користи третман со „ладна капа“, со надеж дека ќе спречи паѓање на влакното.

„Се одлучив да користам 'ладна капа', која ја спречува хемотерапијата да дојде до фоликулите на косата со стегање на крвните садови на скалпот. Тоа им овозможува на пациентите да задржат дел од косата за време на третманот. Оваа одлука ми даде малку надеж дека сепак ќе бидам во состојба да бидам 'нормална'.

„Убаво беше што пријателите и семејството ме посетуваа, тоа ми го одвлекуваше вниманието од третманот, особено додека главата ми беше замрзната. Беше многу непријатно, беше прицврстено на главата на минусни температури цели осум часа. Секогаш си повторував: ‘Само осум часа, ти го можеш тоа. Не се откажувај. БОРИ СЕ ПОСИЛНО. Не чувствуваш болка’.“

По неколку недели, Рафаела се откажала од „ладната капа“, бидејќи не ги добила оние резултати на кои се надевала. „Хемотерапијата беше многу силна. Станував емотивна кога ќе ја видев испаднатата коса насекаде. На 1 октомври решив да ги преземам нештата во свои раце и си ја избричив главата. Се плашев дека нема да можам да се гледам ‘грда’ во огледалото. Си ја избричив главата и тоа беше најослободувачкото искуство. Не се каам ни секунда“.

Рафаела Гесумарија

За жал, состојбата на Рафаела продолжила да се влошува.

„Две недели подоцна, бев хоспитализирана со висока температура, опасно ниски неутрофили (што никогаш не е добро за пациент со рак) и внатрешно крварење. Веднаш ме ставија во карантин. За првпат оваа вечер ми беше кажано дека нема да успеам да ја минам ноќта. Телото ми стануваше сè послабо и послабо, се сеќавам дека бев исплашена да ги затворам очите, бидејќи мислев дека нема да се разбудам. Кога ги гледав моите родители, знаев дека е време да се борам.“

„Чувствував како ова да е кошмар кој нема крај. Ми требаа трансфузии на крв, некои органи ми откажуваа. Во текот на ноќта телото ми отече и имав преголема болка во коските и мускулите. Со последната капка енергија, станав, се извлеков од креветот за да го движам телото. Две недели подоцна, конечно ме испишаа од болница. Следуваа уште шест месеци хемотерапија, проследена со операција на дојка“ – објаснува храбрата девојка.

Рафаела Гесумарија

Сега, ракот на Рафаела за среќа е во ремисија.

„Ракот се случи и ми го промени начинот на кој го живеам мојот живот. Сега го живеам секој момент, не живеам во минатото и не ја планирам премногу иднината. Ракот ми одзеде многу работи, но исто така, ми даде многу. Не можам да кажам дека сум среќна со дијагнозата, но го ценам чувството на благодарност кое го имам сега. Сега не земам ниту еден момент здраво за готово“ – додава таа.

Рафаела Гесумарија Рафаела Гесумарија

„Моите лузни имаат приказна и кога ќе ги погледнам сега, гледам сила“ - пишува Рафаела на Instagram.

Рафаела Гесумарија Рафаела Гесумарија Рафаела Гесумарија Рафаела Гесумарија Рафаела Гесумарија

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11126 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.