Почетна » Новости » Животни стории » Моќни цртежи од сириски бегалки за договорени бракови

Моќни цртежи од сириски бегалки за договорени бракови

Тригодишната војна во Сирија досега одзеде над 11.000 детски животи и принуди над 1,2 милиони деца да станат бегалци. Но, младите девојки во Сирија се соочуваат со уште еден голем проблем – договорени бракови на млада возраст.

По започнувањето на војната, алармантно се зголемил бројот на бракови на девојки под 18 години. Статистичките податоци говорат дека најчесто девојките се принудувани да се мажат за повозрасни мажи. Околу 48% од сириските деца-невести во 2012 година влегле во брак со маж кој е барем 10 години повозрасен од нив.

Родителите прерано ги „фрлаат“ своите ќерки во брачните води поради сиромаштија или од страв дека ќе бидат сексуално злоупотребени.

„Не сакав да се мажам. Сакав да студирам и да станам докторка. Но, моите родители ме принудија да се омажам. Татко ми беше загрижен дека ќе бидам сексуално малтретирана тука. Сега сум бремена. Фетусот е многу слаб, бидејќи сум млада и моето тело не е подготвено“ – раскажала 13-годишна девојка за организацијата Save The Children.

Моќните цртежи во продолжение се дело на девојки бегалки од конфликтот во Сирија, а се дел од проект во кампот Затари (вториот по големина камп за бегалци во светот) во близина на границата помеѓу Јордан и Сирија.

Цртежи на сириски бегалкиНа цртежот девојчето прашува: „Тато, каде ме води овој маж? Во паркот?“ Цртежи на сириски бегалки Цртежи на сириски бегалки Цртежи на сириски бегалки Цртежи на сириски бегалки Цртежи на сириски бегалки Цртежи на сириски бегалки Цртежи на сириски бегалки Цртежи на сириски бегалки

Во најновиот извештај на Save The Children, повеќе девојки раскажуваат за нивните договорени бракови. Меѓу нив е 15-годишна девојка која раскажала: „Се омажив на 13 години. Не го познавав мојот сопруг сѐ додека неговото семејство не посака тој да се ожени со мене. Првиот пат кога ја побараа мојата рака, ги одбив, бидејќи сакав да го завршам образованието. Но, тогаш мајка ми ме принуди да се омажам за него. Ме убедуваше додека не прифатив. Бевме свршени само десет дена. Набрзо потоа мојот сопруг замина во Сирија и остана таму сам. Се чувствував како да не сум негова жена. Кога го прашав зошто се однесува така кон мене, ми рече дека тоа не е моја работа. Ми рече дека не му значам ништо и дека за него сум само ѕид. Ми рече дека не ми е дозволено да знам каде е, што прави или каде оди.“

Откако ќе застанат пред олтар, најчесто премладите невести го губат правото на образование и се физички малтретирани од своите сопрузи, а и се принудени да родат дете уште додека се во пубертет. Најголем дел од овие девојчиња не се осмелуваат да им се спротивстават на сопрузите и остануваат во ваков брак цел живот. Експертите се едногласни, браковите кај младите девојки оставаат физички и психички последици, а понекогаш исходот е фатален.

Цртежи на сириски бегалки Цртежи на сириски бегалки Цртежи на сириски бегалки Цртежи на сириски бегалки Цртежи на сириски бегалки Надја и СамаСестрите Надја и Сама со новороденчето на Сама. Надја била омажена на 15 години, а Сама на 17.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10614 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.