Почетна » Новости » Животни стории » Млад пар посвои бебенце со зајачка уста напуштено од родителите, сега тоа е среќно 3-годишно момче

Млад пар посвои бебенце со зајачка уста напуштено од родителите, сега тоа е среќно 3-годишно момче

Пар, чија мисија е да згрижува деца кои никој не ги сака, посвои бебе со зајачка уста напуштено од родителите. Момчето сега има 3 години и одлично напредува покрај семејството.

Едисон Лопез Едисон Лопез

Едисон Лопез и нејзиниот партнер Роланд го посвоиле малиот Езра Џастис, кој бил оставен во локална болница од луѓето кои требало најмногу да го сакаат. Претходно, парот имал згрижено и девојче со посебни потреби, Зејли Грејс, кое било одбиено од многу згрижувачки семејства. Тоа беше посвоено истовремено со Езра.

Едисон Лопез

Животната приказна на Едисон е инспиративна и ретко некој може да го помине патот кој таа го минува, помагајќи им на стотици сирачиња.

Уште на 16 години, таа се преселила со семејството во Гватемала и започнала со мисионерска работа. Нејзините родители имале посвоено 5 деца и добро им било познато колку штета може да направи институционалното живеење, а колку многу децата напредуваат кога се дел од семејство.

Имав 16 години кога моето семејство се пресели во Гватемала. Дотогаш, го живеев американскиот сон, но таа преселба ме промени за 180 степени, бидејќи започнав да го гледам светот од сосема нова перспектива. Мојот живот потполно се разликуваше од оној на останатите тинејџери. Повеќе не учев како да управувам автомобил или како да играм одбојка, не одев на матурска забава и не се дружев со пријатели. Наместо тоа, гледав операции во локалната болница, им ја држев раката на 11-годишни девојчиња додека се породуваа, преведував документи, се борев на суд против насилници и се грижев за напуштени бебиња.

Семејството на Едисон има основано организација наречена „Village of Hope“ каде во моментов се згрижени 55 сирачиња. Првото бебе за кое се грижела било старо само 10 дена и имало хидраненцефалија, поради што било напуштено од семејството.

Едисон Лопез

Без двоумење ѝ реков на социјалната работничка дека ќе ја земам. Таа ми објасни дека девојчето било напуштено поради дијагнозата. Беше оставено без ништо, немаше дури ни име. Не се очекуваше да живее долго.

Откако ја дознав нејзината дијагноза, застанав пред судијката во судницата и побарав да ја посвојам и да ѝ дадам име. Таа ми рече: „Дури ни нејзиното семејство на ја сака. Веројатно нема да живее долго, дури и да живее, никогаш нема да има нормален живот. Зошто се трудиш толку? Зошто се грижиш толку многу?“

Ја погледнав во очи и ѝ одговорив дека нејзиниот живот е важен и дека вредноста на нашиот живот не е определена од бројот на денови кои ќе ги живееме. Ја крстив Ема. Таа почина во април 2015 година, но почина сакана.

По смртта на Ема, Едисон се запознала со Роланд, кои ѝ бил шофер, и набрзо стапиле во брак.

Едисон Лопез Едисон Лопез

Само неколку месеци по свадбата, тие добиле повик за посвојување на малата Зејли Грејс, а по кратко време и за момчето со зајачка уста, Езра. Без двоумење, за двете деца тие рекле ДА.

Едисон Лопез Едисон Лопез Едисон Лопез Едисон Лопез

Посвојувањата биле финализирани во јуни 2020 година.

Едисон Лопез

На Езра Џастис му претстојат уште операции, но тој е борец. Силен е и грижлив и секој ден нè смее. Зејли Грејс е принцеза. Листата со дијагнози е долга и не се очекува да живее долго, но го живее секој ден со радост и храброст.

Оттогаш, парот доби уште две свои биолошки деца.

Едисон Лопез Едисон Лопез Едисон Лопез Едисон Лопез

Патот кој нè доведе тука не е секогаш лесен. Патем ми имаат држено пиштоли над глава, сум држела бебиња кои издишувале за последен пат, на доктор сум држела едногодишни бебиња кои биле силувани. Сум видела многу темнина, но исто така сум видела и многу светлина.

Сум видела семејства кои се обединуваат за да нахранат цело село со 2.000 жители. Сум видела доктори кои патуваат од другиот крај на светот за да направат операција за спасување живот. Сум видела сирачиња кои стануваат ќерки или синови. Сум видела луѓе кои се сплотуваат за вдовици, за сирачиња, за семејства во тешка ситуација, бидејќи се грижат. Бидејќи умеат да ја видат нивната вредност.

Има многу лоши нешта во светот, но јас верувам дека има уште повеќе добро, од нас зависи дали ќе бидеме тоа.

Едисон Лопез Едисон Лопез Едисон Лопез Едисон Лопез Едисон Лопез Едисон Лопез Едисон Лопез Едисон Лопез Едисон Лопез

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11450 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.