Почетна » Новости » Животни стории » „Ме искористуваат за да продаваат апчиња за слабеење“: Жена која природно ослабе 80кг револтирана од лажните реклами за слабеење

„Ме искористуваат за да продаваат апчиња за слабеење“: Жена која природно ослабе 80кг револтирана од лажните реклами за слабеење

Жена, која ја преполови тежината и ослабе 80 килограми на природен начин, била револтирана кога дознала дека нејзините фотографии се злоупотребени за лажни реклами.

Џесика Фавор ги објави трите фотографии кои најчесто ѝ ги крадат страници на социјалните мрежи за да промовираат Кето диета, смутија и апчиња за слабеење. Целта на нејзината објава е да ја подигне свеста кај луѓето и да ги советува да не „паѓаат“ на маркетиншки трикови кои им ветуваат магични резултати за брзо време.

Џесика Фавор Џесика Фавор Џесика Фавор

„Овие се трите фотографии кои најчесто можете да ги видите на страниците за Кето исхрана, за смути и за апчиња за слабеење. Тие страници ги крадат моите фотографии и многу фотографии на други личности, а потоа нè блокираат кога ќе се обидеме да стапиме во контакт со нив. Како потсетник, не сум применувала Кето, ниту смутија, ниту пак планирам да пијам апчиња за да ослабам.“

„Ве молам пријавувајте ги ваквите страници. Мразам кога луѓето се погрешно информирани и ми пишуваат пораки, барајќи информации. Особено мразам кога тие трошат пари на нешто кое јас не го правам и не го користам. Тоа ме фрустрира“ – пишува Џесика.

Инспиративната Американка тежела 160 килограми кога започнала да слабее мотивирана од друга корисничка на Instagram. Затоа, сега и таа сака да поттикне што повеќе луѓе да го следат нејзиниот пример, докажувајќи им дека „сè е возможно“..

Џесика Фавор Џесика Фавор Џесика Фавор Џесика Фавор

Видео

„Го споделувам моето патување со другите за да покажам дека ова е возможно и дека воопшто не е лесно. Но, може да се постигне.“

„Во најголем дел од животот се измачував со тежината. Безброј пати се обидував да ослабам. Постојано чувствував болка поради тежината. Имав ужасна болка во половината, вратот и рамената. Секојдневните активности ми причинуваа болка. Бев подготвена да се откажам... но, ме инспирираше слабеењето на друга Instagram ѕвезда. Тогаш тежев 160 кг, што беше најголема тежина што некогаш сум ја имала. Го видов токму она што ми требаше и веднаш си направив фотографии „пред“ за да го следам мојот напредок. Си платив членство во локална фитнес сала и откако го сретнав тимот таму, бев инспирирана.“

„Започнав да се хранам здраво и да се фокусирам на промени во начинот на живот, наместо да држам диета. Се насочив кон нискокалорична исхрана со малку јаглехидрати и многу протеини. Тренирав 30-60 минути, 5-6 дена неделно. Во првите 2 месеци, намалив 20 килограми. Четири месеци по започнувањето на моето патување, започнав наизменично постење, што се одрази магично на мене. За нешто повеќе од 5 месеци, ослабев 45 кг.“

Џесика Фавор Џесика Фавор Џесика Фавор

„Кога го направив мојот Instagram профил, имав намера да инспирирам барем една личност, а сега инспирирам илјадници мажи и жени. Досега имам намалено 81 килограм природно. Многу жени стапуваат во контакт со мене за совети. Чест ми е што им помагам на другите“ – вели Џесика.

Џесика Фавор

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11912 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.